4.1 C
Ohrid
петок, април 11, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицијата во Македонија се поднови со убави кожни чизми.

Полицијата во Македонија се поднови со убави кожни чизми.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Континуираното вложување во современа опрема на припадниците на македонската полиција е еден од приоритетите поставени на стратешко ниво од страна на ова раководство на Министерството за внатрешни работи, започнувајќи од 2017 година до денес.

<

Деновиве во магацините на МВР, врз основа на потребите на Министерството за внатрешни работи, a согласно планот за материјално-техничко унапредување на условите за работа на полициските службеници, вклучително и специјалните единици на МВР, пристигна набавката од 8550 високи специјални чизми со врвен квалитет. Од нив 550 пара се за припадниците на Единицата за брзо распоредување, а 8000 за останатите припадници на полицијата. Вкупната вредност на набавката изнесува нешто над 46 милиони денари без вклучен ДДВ, односно со единечна цена на пар од 5390 денари без вклучен ДДВ.

Со ова се комплетираат испораките од спроведените јавни набавки на униформа во 2021 година, а се дел од инвестициите во полицијата коишто важат како најголеми по опфатот на служби досега.

Вкупно реализираните 10 милиони евра инвестиции во униформи покажуваат дека ова раководство на МВР, предводено од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е решено драстично да ги подобри условите за работа по највисоки европски и светски стандарди на опременост на полициските служби.

Така, изминатиот период беа распределени 16.000 летни и зимски панталони и здолништа, ремени и 8.000 зимски јакни. Претходно, сите организациони единици добија униформи, при што униформираната полиција доби по 10.000 пара полувисоки чевли, како и чевли со подебел ѓон, по 10.000 кошули зимски и летни, со долг ракав и со краток ракав, по исто толку летни и зимски капи и ремени, 6.950 машки и 1050 женски маици со кратки ракави со јака. Приправниците добија 670 комплети униформи, а обезбедени се и 2.330 парчиња флоуресцентни елеци. За Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на БЈБ обезбедени се 427 цивилни одела и по 427 цивилни кошули и обувки, а униформи и опрема за воздухопловен персонал доби и Хеликоптерската единица кој се состоеше од зимска летачка јакна и заштитен комбинезон.

На ова треба се додадат и низата набавки на нови, современи, технички средства за секојдневно работење полицијата, дел обезбедени преку донации, а дел од сопствени средства на Министерството, почнувајќи од техничка опрема за комуникација, софтверска, хардверска и лабораториска опрема, возила, звучна и светлосна опрема и сл.

Дополнително кон ова треба да се има предвид дека од 2017 година наваму извршени се санации или реконструкции на 73 објекти од разни организациони единици на министерството, а тој процес ќе продолжи и во текот на оваа година исклучиво со средства обезбедени од буџетот на министерството. Како дел од материјално-техничкото подобрување на условите за работа на полициските службеници во изминатиот период реновирани се 73 објекти на МВР на целата територија на државата, коишто од септември 2021 година веќе не користат мазут како претходно, туку еколошки алтернативи, а при нивната реконструкција имплементирани се и други мерки за зголемување на енергетската ефикасност и заштита на животната средина.

Притоа, само годинава завршена е реконструкцијата на четири објекти, и тоа ОВР Прилеп, ЕВР Карпош, Одделот за заштита на определени личности и објекти и ОВР Радовиш, а во тек е реконструкцијата на објектите на ОВР Берово, ОВР Делчево, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе. Преку капиталните инвестиции во текот на 2022 планирана е реконструкција на два витални објекта – Одделението за управни работи во Скопје и Центарот за обука во Идризово, како и една целосно нова градба – полициска станица во Аеродром.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Заменик-министерот Ристески: Точно е дека ме касна куче, ама не зедов финансиска оштета.

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, потврди дека бил каснат од куче, но дека не земал отштета од 100.000 денари. Ристески инаку е поранешен градоначалник на...

Александар Глигоровски е 61-та жртва во дискотеката Пулс

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драгана Анастасов, се огласи на социјалните мрежи. Тој изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на Александар. Изразуваме длабоко сочувство до семејството...

Инцидент во Ѓорче Петров: Додека граделе нова го урнале ѕидот на соседната зграда

Додека градат нова зграда, пробиле ѕид на соседната. Хаварија при градежни активности ги вознемири жителите на станбениот блок на ул. Партизански одреди во Ѓорче...

Полицијата во Кондово пронајде пиштол !!

Претрес во Кондово, пронајден пиштол, лишено од слобода едно лице На 10.04.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ф.(35) од с.Кондово, скопско....