3.2 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаВработените во коцкарниците сo отворено писмо: Дали знаете колку семејства јадат леб...

Вработените во коцкарниците сo отворено писмо: Дали знаете колку семејства јадат леб од кај нас?!

spot_img

Непосреден повод за ова наше обраќање е предлогот на политичката партија Алијанса за Албанците за измени на Законот за игри на среќа и забавни игри, кој е доставен во Собранието на Северна Македонија. И овие предложени измени кои предвидуваат игрите на среќа исклучиво да се одвиваат во луксузни хотели со пет ѕвезди, како и предлогот за дистанцирање на деловните објекти на 500 метри од образовните институции несомнено се предлози за целосно затворање на секторот игри на среќа со тешки последици по целата македонската економија и губење на нашите работни места, се вели во отвореното писмо на Здружение на вработени во сектор игри на среќа Сакам да работам.

„Бидејќи веќе подолг период сме предмет на меѓусебна популистичка пресметка во кампањите на политичките партии, по повод меѓународниот ден на трудот ја отвораме дилемата до кога ќе бидеме цел на невидено оцрнување за дневно политички поени?

Жалиме што надлежните државни институции до сега ниту еднаш не застанаа во одбрана на нашето достоинство, човекови слободи и уставно загарантирани права на работен однос. Не можеме да прифатиме дека никој од надлежните не чувствува одговорност да ги демантира неоснованите обвинувања дека игрите на среќа се извориште на нелегални активности и наводно делуваат штетно врз младината. Тоа не е точно и за тоа постојат факти со кои државните институции располагаат.

Многумина меѓу нас се родители на малолетни деца или на тинејџери и навистина тешко ни паѓа кога на товар ни се става дека сме општествено зло за идните генерации. Како да објасниме на јавноста дека и во овој сектор работат обични луѓе од крв и месо, жени, мајки, кои чесно го заработуваат лебот? Кој има интерес да се затворат игрите на среќа? Кој ќе понесе одговорност за штетните последици? Дали младината ќе биде повеќе или помалку загрозена ако игрите на среќа се играат по подруми, во нелегални објекти или надвор од градовите?

Бараме заштита од Државната комисија за спречување и заштита од дискриминацијата и од НВО секторот. Згрозени сме од црната кампања. Со неверување ги отфрламе нападите на неформалното здружение „Антикоцкање“ од Тетово. Сметаме дека се тенденциозни и немаат допирна точка со реалноста. Уште повеќе затоа што освен притисок врз политичките партии се прави обид суптилно да се инволвираат и верските заедници. Тоа е апсолутно недозволиво и претставува злоупотреба на верските чувства на граѓаните за оцрнување на секој кој има допирна точка со игрите на среќа.

Апелираме да не се потпаѓа на провокациите и на лажните вести. Игрите на среќа се легален економски сектор, кој работи согласно позитивните законски прописи. Вработува безмалку 10 илјади луѓе, индиректно помага меѓу 54 до 100 илјади други работни места, секоја година придонесува со најмалку 280 милиони евра во државниот Буџет. Компаниите и ние вработените постојано сме дел на различни хуманитарни и донаторски активности со што покажуваме врвна општествена одговорност. Нашите работодавачи се претставници на реномирани светски и ЕУ компании кои спроведуваат највисоки стандарди на професионалност.

Игри на среќа постојат од кога постои цивилизацијата. Граѓаните кога одат на туристички посети во земји од ЕУ, во Монте Карло или Лас Вегас или на крстарења со бродови, со задоволство посетуваат казина, се фотографираат и се фалат. Таму е „шик“ да одиш во казино, а овде станува „ерес“! Во автомат клубовите не влегуваат случајни минувачи. Нам ни се клиенти традиционални играчи. Каква е таа искривена логика дека излозите магнетно ги привлекуваат малолетниците? Зошто истата логика не важи за тобаката, кафулињата и кафеаните?

Несомнено дека државата, секоја индивидуа и семејство има право и обврска да ги заштити малолетниците и да ги создава сите предуслови за воспитување здрава младина. Не сме против законски решенија кои одат во оваа насока. Но, сме категорично против политички и бизнис мотивирани законски измени кои ќе затворат една легална економска гранка што по автоматизам ќе предизвика организирање нелегални игри на среќа. Крајно време е да се напушти популизмот и да почнеме да говориме со факти. Сите општествено одговорни чинители треба да бидат свесни дека не постои пример во опкружување каде укинувањето на игрите на среќа не предизвикало играње на црно.

Ако државата навистина одлучила да ги затвори игрите на среќа, мора да земе предвид дека со таква погрешна одлука ќе предизвика егзодус на најмалку 10 илјади семејства кои ќе се преселат во западните земји и таму повторно ќе работат во истиот сектор. Тоа е реалноста. Ние навреме предупредуваме, со цел да превенираме состојби кои ќе предизвикаат сериозни штети. Сега, кога државата среде глобална криза грчевито се бори за зачувување на секое работно место, затворањето на цел економски сектор е неразумно и неодговорно однесување. Се надеваме дека некој ќе ги земе предвид овие наши укажувања. Во спротивно ќе бидеме принудени да излеземе на масовни протести со кои ќе бараме заштита на нашите права“, се вели во отвореното писмо на здружението Сакам да работам.
Мкд.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...