29.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаЗабаваБил Гејтс после разводот: Куќата со 18 "купатила" ми остана празна, Мелинда...

Бил Гејтс после разводот: Куќата со 18 “купатила” ми остана празна, Мелинда ми го зеде и кучето.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бизнисменот и еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, зборуваше за приватните детали од бракот и разводот со поранешната сопруга Мелинда.

<

Секој брак, како што децата си заминуваат од дома, минува низ транзиција. Мојот, за жал, помина низ оваа транзиција наречена развод. Но од моја гледна точка, тоа беше одличен брак. Јас не би го менувал. Не би се одлучил да се оженам за некоја друга“, изјави Гејтс во интервју за „Сандеј Тајмс“. Тврди дека најтешко му било кога децата си заминале од дома. И најмладата ќерка отишла на факултет и сега нивната вила во Сиетл со 18 бањи е празна.

„Ја имам оваа прекрасна куќа која е погодна за големи дискусии. Но, најчесто ми изгледа преголема. Јас сум само мала личност“, вели Гејтс.

„Ми недостигаат нередот и вревата. Не се занимавам премногу со домашни работи, но во нормални денови секогаш ги миев садовите бидејќи бев добар во тоа, а едно од децата ми помагаше“, додава тој. Тој раскажа и каков однос има со Мелинда по разводот. Бил вели дека е среќен што сè уште може да работи со неа и понекогаш се гледаат.

„Имаме важна, сложена, блиска врска во која решивме да работиме заедно. И многу сум среќен што почнавме да работиме заедно. Заедно ја изградивме Фондацијата. И имаме три неверојатни деца“, раскажува тој.

„Тагувам на ист начин како и таа. Да. Знаете, растевме заедно. Кога се оженив, ‘Мајкрософт’ беше голема работа. Но, јас бев млад 38-годишник, а таа зрела 28-годишна жена… Тоа е повеќе од половина од мојот возрасен живот. Направивме многу заедно“, додава тој.

Бил признава дека прилично лесно се договорил со Мелинда за распределба на имотот и парите.

„Таа го доби кучето. Ме уби за него. Се шегувам. Светот треба да знае колку сум малтретиран. Не, се шегувам. Не бевме злобни еден кон друг”, вели Гејтс.

За потсетување, Бил и Мелинда Гејтс објавија дека се разведуваат на почетокот на мај минатата година. Во брак беа 27 години. Тие се запознале во доцните 80-ти, кога Мелинда се приклучила во фирмата „Мајкрософт“, а се венчале во 1994 година

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...