18.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаЗА „ГОЛЕМИТЕ“ ХАШКО ОДДЕЛЕНИЕ, ЗА „МАЛИТЕ“ НИ ДУШЕК ВО ШУТКА

ЗА „ГОЛЕМИТЕ“ ХАШКО ОДДЕЛЕНИЕ, ЗА „МАЛИТЕ“ НИ ДУШЕК ВО ШУТКА

Почитуван премиерe Зоран Заев, вистината е најсилното оружје и затоа решив да ви се обратам. Внимателно ја слушав вашата прес- конференција каде што говоревте за правна држава, владеење на правото и за СЈО.

Премиере, во периодот откако дојдовте на власт се изнаслушавме само празни муабети, наместо да научите нешто од грешките од минатата власт, вие не само што ги повторувате туку и отидовте подалеку. Во нашава држава каде што цвета гранката на криминалот, правото не можеме да го бараме. Во нашава држава, гласачкото тело или обичниот народ, никој не го прашува како му е. „Големите“ или се пуштени на „одмор“ во Будимпешата, на породилно или во пак хашкото одделение нели за посигурен „престој“.

За жал, имаме неколку примери за обичните граѓани кои за кило кебапи лежат и по три години во затвор. За тегнење на коса исто така. Но за „големите“ тешко дека можат да се соберат докази за милионските суми кои ги изнудиле или украле од државната каса и скоро ретко и невозможно да завршат во притвор. Сепак за да не биде толку „црна“ работата, се ќе се најде некој малку „помал“ од тие „големите“, што ќе си одлежи за сите, иако во меѓувреме може и да му се случи нешто лошо, бидејќи штрајкува со глад. Зошто ли тој „помалиот“ штрајкува? Некако многу чудно ама не се крена баш прашина околу ова прашање, нели? Добро, сепак поинтересно за народот е да чита за дечкото со Луи Витон ташна од неколку илјади евра, како е уапсен, а уште поинтересно е што истиот тој до вчера беше „ваш“.

Народот повеќе не може и не смее да биде манипулиран! Што правиме со Катица Јанева? Вие изјавивте дека за вас таа не е виновна додека не се докаже спротивното. Во истото време дечкото со Луи Витон ташна е уапсен поради изнудување 1,5 милиони евра, за преку јавен обвинител врз кој има влијание да ја олеснат положбата на лице кое е под истрага. Нели по некое непишано правило и Јанева треба да е под истрага и притвор?

Кога се работи за СЈО, уште од самиот почеток, претседателот на ГДУ, Петар Колев, се изјасни дека „СЈО ќе биде каменот што ќе не сопне“. Кога западниот свет, кога европските демократи ни нудеа решение, ни на крај памет не им паѓало е дека СЈО ќе стане инструмент за политичко пазарење.

Ако немате јасна визија како до право и правна држава, тогаш нема ни потреба да се зафаќате со работа. Оставете го овој голем проблем на некој што знае и може.

Автор: Димитар Попандонов

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...

Кичеец се чувствува загрозен од Боки 13, го пријавил за три кривични дела

Зоран Милевски-Кичеец се чувствува загрозен од Бојан Јовановски-Боки 13 и го пријавил во полиција, пренесува Скопје1. Од Охрид барал да одговара за три кривични дела,...

Пронајден охридскиот автомобил кој беше украден ноќеска!!!

Автомобил „Сеат Леон“ беше украден ноќеска во центарот на Охрид. Како што дознаваме возачот паркирал пред една самопослуга и влегол во неа, по што крадците...