11.7 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаДенес за Рамазан Бајрам во Слупчане ќе се отвори споменик на УЧК...

Денес за Рамазан Бајрам во Слупчане ќе се отвори споменик на УЧК висок 20 метри

spot_imgspot_img

На 2 мај, на празникот Рамазан Бајрам, во липковското село Слупчане ќе се отвори спомен кула во чест на борците на ОНА.
Според градоначалникот на општина Липково Еркан Арифи, на свеченоста ќе присуствува и лидерот на ДУИ Али Ахмети. За кулата висока 20 метри потрошени се 200 илјади евра општински пари.

Градоначалникот Еркан Арифи го најавил отварањето на споменикот.

-За тоа што мачениците го дадоа за нашата слобода, ние ја поставивме Спомен кулата за да го одбележиме нивното херојско дело за цел живот-напиша Арифи.

Одлуки за изградбата на спомен обележја според Законот за меморијални споменици и спомен обележја носи Собранието или единиците за локална самоуправа.

Во Слупчане има и музеј на ОНА.

На настанот ќе присуствуваат и други членови на високото раководство на ДУИ.

Од Владата не информираат кој од министрите ќе присуствуваат во Слупчане. Власта не одговара и на прашањето дали ќе преземат нешто затоа што се трошат толку пари во време кога министрите повикуваат на штедење.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...