20.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаАхмети да учеше годишно по еден збор Македонски, ќе знаеше 20 реченици-...

Ахмети да учеше годишно по еден збор Македонски, ќе знаеше 20 реченици- Вели Макесим Димитриевски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Национализмот излегува токму од устата на тие кои почиваат на национализам и ја градат својата политичка кампања и своите политички рејтинзи токму на таков начин, посочи градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител во однос на отворањето на спомен кулата на загинатите борци на ОНА во Слупчане.

<

„Ако ја направите анализата дека господинот Ахмети да учеше годишно по еден збор Македонски сите овие 20 години денеска ќе знаеше барем најмалку 20тина реченици да се обрати на своите сограѓани Македонци. Но, тоа е тоа, ние ќе работиме на некои попозитивни политики за да промовираме реален соживот, тоа за што ние суштински се боревме некогаш и верувавме. Се уште верувам дека Македонија може да биде еднакво и исто општество за сите, да даде еднакви можности, но притоа не можам да се чувствувам националист ако ме обвинуваат дека сакам да им изградам споменик. Тоа е иницијатива која доаѓа од Синдикатот на полицијата на Македонија и здружението на пензионираните воени старешини и полициски ветерани, овие две здруженија буквално се мултиетнички и тие имаат за цел да им оддадат почит и признание на паднатите борци кои се бореа за Македонија, а да не зборувам за 2015 и сите знаеме многу добро што се случи, посочи Димитриевски.

Според него ДУИ се организација милитантна и терористичка која се бори против Уставниот поредок на државата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Втор инцидент за два дена: “Параглајдерист виси на жици во с.Беранци- Битола”

Нов инцидент со параглајдер се случи вчера во селото Беранци, во близина на Битола. Според првичните информации, параглајдеристот завршил заглавен на електрични жици. Засега...

Владата ја зголемила платата на Стојанче Ангелов за 12.784 денари, сега изнесува над 105.000 денари!

*Објава на Фејсбук на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ, ПЛАТИТЕ РАСТАТ, САМО НЕ НА РАБОТНИЦИТЕ Ако зголемувањето на платите на работниците кое им...

Талески: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има во Македонија.

Кандидатот за министер за здравство, Азир Алиу, е апсурден и срамен потег на оваа власт. Срамно е што за министер за здравство, власта ќе...

Наскоро во Македонија лична карта и возачка дозвола во телефон!

Министерството за дигитална трансформација работи на дигитална апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик, а ќе имаат...