19.9 C
Ohrid
петок, август 8, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицијата во Куманово ќе истражува од кого бегала 30-годишна девојка гола низ...

Полицијата во Куманово ќе истражува од кого бегала 30-годишна девојка гола низ улиците !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Трчајќи жената барала помош велејќи дека ја нападнале тројца мажи, па едвај успеала да им побегне и да се спаси. (Фото: Принтскрин од аматерско видео)

Вчера попладне, на периферијата на Куманово жена на возраст околу 30 години трчала гола барајќи помош, зашто бега од напад, како што кажала самата. Жителите кои ја виделе, кажуваат дека околу 15.30 часот се движела од населбата Карпош кон градот. Кога дошла до првите куќи на улицата Доне Божинов, едно семејство ја прибрало да ѝ помогне пишува СДК.МК

<

„Кога дојдов дома ја затеков жената во дворот. Ќерка ми и сопругата ја поливаа со вода, се обидуваа да ја освежат, а таа во агонија зборуваше неповрзано. Беше видно вознемирена и бараше помош. Велеше дека ја нападнале тројца мажи, па едвај успеала да им побегне и да се спаси. Тврдеше дека затоа останала без облеката. Целата беше изгребана по грбот и нозете. Додека бегала се обидела да запре некоја кола, но никој не сакал да ja повезе. Ѝ дадовме ќебе да се покрие, но таа го фрлаше од себе. Викнавме полиција и брза помош, даваше отпор, многу беше потресно“, кажува очевидецот.

Од СВР Куманово ни потврдија дека настанот е пријавен кај нив, по што полициски службеници излегле на местото и ѝ дале асистенција на медицинска екипа за спроведување на лицето во соодветна установа. Велат дека се работи на расчистување на случајот, но не дадоа повеќе информации.

Сдк.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

352 лица ја минаа дводневната обука за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работен ангажман

На јавниот повик на Владата во врска со активната мерка од оперативниот план за 2025, јавни работи за заштита и превенција од пожари и...

Се поставуваат камери на автопатот Кичево – Охрид: Ќе следи казна за брзо возење

Од денес, на трасата на автопатот Кичево - Охрид, официјално се поставуваат нови камери за мерење брзина и казнување на прекршители. Камерите се поставуваат на...

Коце Трајаноски за автопатот Кичево Охрид: Ветувањата се за да се исполнат

Ветувањата се за да се исполнат❗️ А, за да ги исполниме треба да работиме со полна пареа❗️ Токму така, со полна пареа, се работи и се...

Погребан Душко Чифлиганец – илјадници луѓе дојдоа да го испратат (ВИДЕО)

Илјадници граѓани, од Скопје, неговото родно Радовиш и Раклиш, од Македонија и од други континети, со тага и болка се простија од младиот визионер,...