19.3 C
Ohrid
среда, јуни 11, 2025
ПочетнаМакедонијаДа видиме кој ќе се дрзне да кренит црвен картон за гарантирање...

Да видиме кој ќе се дрзне да кренит црвен картон за гарантирање на сигурноста на работникот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ПРАТЕНИЦИТЕ ДЕНЕС ДА ГО ИЗГЛАСААТ ПРЕДЛОГОТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТРАЕЊЕТО НА ДОГОВОРИТЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

<

На дневен ред на денешната седница во Собранието е ставен Предлогот на законот за изменување на Законот за работните односи, поднесен од пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Со овој закон се предвидува намалување на максималната граница од 5 години на 6 месеци – за склучување на договори за вработување на определено работно време.

Претходно, пратениците од власта одбија ваквите предлог-измени да се донесат во скратена постапка, со просто образложение дека истите не смее да бидат донесени во скратена постапка. Сега измените се пуштени во редовна собраниска процедура и апсолутно отпаѓа и не постои спорниот елемент за парламентарното мнозинствo да не ги гласа измените.

Со овие измени, ќе се излезе во пресрет на обичните работниците кои мака мачат да обезбедат сигурност во работното место преку обезбедување финансиска релаксираност во услови на економска криза.

Апелираме сите пратеници од власта и опозицијата да го поддржат овој Предлог на закон, без дополнителни политички опструкции.

Оправданоста за намалување на максималната граница од 5 години на 6 месеци за склучување на договори за вработување на определено работно време, се потврдува и особено нагласува преку статистичките податоци од Државниот завод за статистика, согласно кои за период од 20 години, нешто повеќе од 8 пати е зголемен процентот на склучени договори за вработување на определено работно време.

Ваквите податоци се фрапантни и целосно ја отсликуваат неповолната положба на работникот, кога е во прашање сигурноста во работното место. Цели 15% од активното население во државава, или 25,6% од вкупно вработените, работат на определено работно време со особено истакната поданичка зависност од работодавачот. Сигурноста во работното место е првиот впечаток кој младите генерации го добиваат за ситуацијата во државата.

Левица е единствената политичка партија која ги застапува правата и интересите на обичните работници. Предложените измени на законот се повеќе од потребни и имаат за цел да спречат газење на достоинството на работникот.

Истовремено, предлог-законот е во насока на унапредување на општествената положба на обичниот работник и обезбедување сигурност по неговата егзистенциија.

Поради тоа, ги повикуваме сите политички партии, синдикати и пратеници отворено да го поддржат предложениот закон.

#ЛевицаОдПарламент

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Славески: Глупаво е прашањето дали сум земал 3.000 евра плата, па јас имам 40 години стаж !!

400 евра за граѓаните, 3000 евра за гувернерот? Новиот гувернер на Народна банка, Трајко Славески, ја брани својата плата од околу 3000 евра со аргумент...

По три месеци тишина, тага и неизговорени зборови, Наум Петрески собра сила да проговори за заминувањето на неговиот најблизок пријател Андреј.

По три месеци тишина, тага и неизговорени зборови, Наум Петрески собра сила да проговори за заминувањето на неговиот најблизок пријател Андреј. Не можеше да ги...

Трајко Славески со бесплатен совет: Не е срамота да работите по 2, 3 работи- со минимална плата секаде е тешко !!

Новиот Гувернер на Народната Банка, Трајко Славески во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21 истакна дека се извртело значењето на минималната плата. Според него, таа не...

Се роди Сара: Апасиев денес стана горд татко.

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави дека добил ќерка. „Се роди Сара“, купо напиша Апасиев. Луѓето му честитаат, а...