3.2 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаДете од Македонија кое живее на улица освои трето место на натпреварот...

Дете од Македонија кое живее на улица освои трето место на натпреварот по математика на Кенгур.

spot_img

Амир на остава ништо за дома, бидејќи нема услови за живеење, а камо ли за учење. Мајка му не била дома кога ја однел дипломата, ама вујната со која тој најдобро комуницира, била многу радосна.

Амир Дестанов, дете од улица кое реши да се бори со суровата судбина која сакаше неговото семејство да биде под дното на сиромаштијата, а тој, браќата, сестрата и мајка му да трпат семејно насилство, освои трето место на натпреварот по математика „Кенгур“.

Радоста тој ја подели со Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари, кој им е поддршка во моментов на 61 дете што успеале да ги одвратат од питачење, да ги запишат на школо и да им помагаат во доедукацијата и во исполнувањето на домашните задачи.

Исклучително заинтересиран за математиката, Амир надградбата за да оди на „Кенгур“ ја постигнал токму во Центарот, решавајќи задачи со наставникот Филип. Кога чул ќе има натпревар, посакал и тој да учествува, но немал 200 денари да уплати.

„Сакаа други да одат, ама бидејќи јас сум математички најјак, јас поминав. Ми кажа класната, а јас ѝ одговорив:’Добро, ќе зборам со моите дома и ќе ви кажам’. Уплатата за натпреварот ‘Кенгур’ чинеше 200 денари, пари што ги немав“, раскажува Амир.

За желбата дека сака да се натпреварува по математика, во категорија на осмо и деветтоодделенци, тој веднаш ги известил наставничките Ирена Велкоска и Василка Јовановска, која е социјален работник, и Александра Лозановска, воспитувач. Тие од свои пари му уплатиле учество.

На натпреварот Амир не знаел како поминал. Им кажал на воспитувачките, наставничките од Центарот дека не е сигурен што направил, бидеjќи било на стискање копчиња, т.е. се полагало електронски. Се секирал дали направил сè како што треба, дали се снашол или не со кликањето.

„Но кога дојде со дипломата во рака за освоено трето место, па ние па пресреќни бевме!“, раскажува Ирена Велкоска, координатор на Дневниот центар за деца на улица.

„Математика најмногу научив тука, од наставникот Филип. Јас почнав од ‘нула’, една задача не знаев да решам. Но, и основата за математиката и за останатите предмети ја добив тука во Центарот, од наставничката Ирена и другите наставнички. Основата: собирање, одземање, множење и делење ја добив тука, а надградбата за да дојдам до натпреварот, од наставникот Филип“, вели Амир, кој има уште три први места на мотивациски натпревари по математика во неговото училиште „Браќа Рамиз Намид“ од Шуто Оризари.

„Во Дневниот центар работиме сè што ни е тешко да совладаме. Покрај пишување домашна, овде работиме и сè што ни е тешко на училиште“, додава ова момче. Сонува да се запише средно техничко училиште и да усоврши занает, а потоа да продолжи на факултет. За почеток, сака да го продава уличниот магазин „Лице в лице“, за да почне полека да стекнува работни навики.

Амир на остава ништо за дома, бидејќи нема услови за живеење, а камо ли за учење. Мајка му не била дома кога ја однел дипломата, ама вујната со која тој најдобро комуницира, била многу радосна.

„Ниту услови има, ниту пак има некој да му помогне, да му каже. Најосновни работи како букви, бројки, неговите домашни не знаат. Книгите Алмир тука ги чува“, вели Василка Јовановска, социјалниот работник во Дневниот центар.

Во Дневниот центар овие деца има кој да ги сослуша, да поразговара со нив, да им покаже математика, македонски, општествени науки, историја, географија. За ликовно и особено за музичко не треба, зашто овие деца се родени уметници. Впрочем и ѕидовите со цртежи во училниците се најдобар доказ за тоа.

Оставени самите на себе, гладни, малтретирани, тепани, валкани, принудувани на питачење, без никаква љубов и внимание, без свој дом, овие деца тука се други личности. Од оваа страна на влезната врата е светот кој треба да биде. Светот во кој заслужуваат овие недолжни деца Роми да живеат.

Во Центарот добиваат оброк, нешто што дома најчесто го немаат. Се бањаат, се преслекуваат во испрана и намирисана облека, јадат, се спремаат за училиште. По часовите, пишуваат домашни.

Слушнавме самите дека во Дневниот центар за деца на улица се учи: „Сите луѓе се еднакви! И белата и темната кожа кога ќе ја штипнеш – таа исто боли!“.

Дневниот центар за деца на улица е во рамки на Здружението за заштита на правата на детето. Организацијата постои од 1998 година. Дневниот центар е од 2006 година, отворен е со поддршка на Светската банка за развој на општините. Но, овој волшебен свет за најсиромашните деца во Македонија, по толку години е под закана да згасне, зашто пари има само до јули!
За повеќе детали,Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...