24.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаДржавјанка на Косово: Македонија не ми дава државјанство затоа што носам бурка

Државјанка на Косово: Македонија не ми дава државјанство затоа што носам бурка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фидрије Далипи, косовска државјанка која 14 години е во брак во Куманово и понатаму е без наше државјанство. Според неа, Агенцијата за национална безбедност не ѝ дава дозвола поради тоа што наводно претставувала опасност за државата.

<

„Не знам што ѝ направив на оваа земја. Во брак сум 14 години. Мојот сопруг работи во државна администрација. Не знам што направив. Немам никаков проблем. Секоја недела патувам во Косово. Неколку пати сум патувала низ Европа, како Германија и други земји и никогаш не сум имала проблеми, ниту јас, ниту моето семејство. Не знам зошто ме сметаа за опасна. Дојдов од Косово со бурка, таква сум од секогаш и никогаш не ми правеле проблеми“, изјави Фидрије Далипи, Барателка на државјанство.

Сопругот Ислам Далипи вели дека некои од безбедносните органи ја наклеветиле неговата сопруга, па во оперативниот извештај било нагласено дека таа носи бурка. Имало две одлуки од Управниот суд со кои ѝ се дава право на државјанство, но тоа институциите не го земале во предвид. Според Ислам, последното барање за државјанство било упатено во јануари 2021 година и за него сè уште нема одговор.

„Досега четири пати е одбиена, а причините се исти, само датумите се разликуваат – дека е опасна за државата. Се работи за клевета, односно за бурка. Тоа го констатираа и претставници на МВР кои рекоа дека тоа постоело до 2022 година и е веќе отстрането од извештаите“, изјави Ислам Далипи, Сопруг.

Од Агенцијата за национална безбедност за Алсат информираат дека случајот е во завршна фаза.

„Ги направивме потребните проверки од кои е констатирано дека обработката на предметот (молба за државјанство) е во завршна фаза. По завршување на постапката, инволвираните во овој предмет ќе бидат навреме известени“, Агенција за национална безбедност

Од МВР велат дека се пречекорени административните процедури и оти државјанството за Далипи ќе биде процесуирано веднаш по евентуална согласност од Агенцијата за национална безбедност. /Алсат.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...