25.9 C
Ohrid
среда, јуни 11, 2025
ПочетнаМакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ако падне Талат Џафери паѓа владата, затоа Ковачевски прави будала од...

ВМРО-ДПМНЕ: Ако падне Талат Џафери паѓа владата, затоа Ковачевски прави будала од себе

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ако падне Талат Џафери паѓа владата, затоа Ковачевски прави будала од себе и не смее да го осуди дивеењето во собрание, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, уште еднаш барајќи одговорност од спикерот за скандалозната снимка.

<

-Ковачевски е толку уплашен од Џафери што вчера мораше да гледа и фудбал со него, само за да покаже пред јавноста дека стои зад Џафери, и да го понесе срамот врз себе.

До кога Ковачевски ќе продолжи да прави будала од себе за да не му излезе ДУИ од влада?

Сите го слушнаа Талат Џафери како пцуе вработени во собранието и врши мобинг врз нив, само Ковачевски едвај чека јавноста да заборава на случајот, за да не мора да го осуди Џафери и да не му се налути ДУИ.

Ковачевски само за да остане на власт е спремен да премолчи се, па дури и малтретирањето на вработените во собранието од страна на Џафери.

Ковачевски е спремен на се, па дури и да се слика со примитивецот од Форино, додека цела јавност се згрозува, само да поседи уште некој ден во фотелјата во влада.

Ковачевски е срам за државата исто колку и Џафери, затоа што за власт е спремен да жртвува десетина човечки судбини и да ги остави луѓето да бидат шиканирани од Џафери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За потсетување, се појави аудио снимка на која се слуша гласот на Талат Џафери како пцуе и ги навредува луѓето вработени во собраниските служби. Од неговиот кабинет немаш реакција, додека Ковачевски изјави дека на таа аудио снимка не може да се види и процени кој со кого зборува, поради тоа не може да коментира.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари

Креиран е првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари. Целта е како што велат надлежните да се создаде јато дронови кои ќе бидат...

Таравари разочаран: Во институциите се вработени 95% Македонци, а само 5% Албанци

Во институциите се отвораат стотици работни места, а пропорцијата на застапеност е некаде околу 5% Албанци и 95% Македонци, вели лидерот на едното крило...

Овој пат ќе му Суди Фатиме Фетаи: Васил Јованов повторно пред суд – овојпат за обвинение за трговија со дрога.

Васил Јованов, кој пред извесно време беше осуден на 12 години затвор за смртоносното прегазување на 24-годишната Фросина Кулакова на пешачки премин, денеска повторно...

Од 1-ви јануари полицијата трајно може да го одземе вашето возило, и ќе се користи за државните институции !!!

Сејв сити системот ќе биде во функција од 1.1.2026 година и оние кои што сметаат дека можат да изиграваат нинџи на улиците во Скопје...