15.9 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаСтрански државјанин излажал дека неговата мајка е од Македонија при што се...

Странски државјанин излажал дека неговата мајка е од Македонија при што се стекнал со Македонско државјанство.

Денеска (16.05.2022) Единицата за финансиски криминал во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против Н.А. (28) од Ирбид-Јордан, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Поднесување лажни докази” казниво по член 366-а став 1 од КЗ и „Употреба на исправа со невистинита содржина“ од член 380 од КЗ, Е.Ј. (50) од Скопје и И.Ј. (39) поради постоење на основи на сомнение дека истите сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” по член 353 од КЗ.

Имено, првопријавениот Н.А. кривично дело го сторил на начин што како државјанин на Јордан во текот на месец Јуни 2019 преку поднесување на лажни податоци дека наводно е син на македонската државјанка В.Ш. од Скопје, се стекнал со македонско државјанство, македонски единствен матичен број на граѓанинот и извадил извод на родени, кој го употребил во постапка за добивање на македонска патна исправа. Истиот аплицирал за постапка за издавање патна исправа каде покрај останатите документи го приложил односно употребил и изводот за родени изваден од Управа за водење матични книги – Подрачно одделение Скопје.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...

Данела пак го искара Талат: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

Кавгата на релација технички премиер Талат Џафери-скопска градоначалничка Данела Арсовска продолжува. Причина е тревата, која се уште не е искосена. Арсовска напиша: “ВД Премиерот Талат...

Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, во спротивно ќе има проблеми во односите и со Грција...

Сакам уште еднаш да испратам порака со предупредување до новата Влада, да ја смени позицијата и да го користи само името Северна Македонија во...

Полициски службеник фатен со над 10.000 евра мито, се испитува кај кого требало да завршат парите

Овластено службено лице, вработена како Виш аналитичар во скопска полициска станица е лишено од слобода под сомнение за сторено кривично дело измама со обележани...