16.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаКумот Али Ахмети, улицата Лазар Танев ја прекрсти во „Укшин Хоти“- Вели...

Кумот Али Ахмети, улицата Лазар Танев ја прекрсти во „Укшин Хоти“- Вели ова име ќе привлече многу туристи !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денеска беше откриена таблата со новото име на улицата „Укшин Хоти” во Старата скопска чаршија, која ќе го замени името на улицата „Лазар Танев”, додека меѓу многуте гости беше и лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети.

<

Оваа улица се наоѓа во едно од најубавите и најстарите места на нашето Скопје и во срцето на Чаир – Старата чаршија,“ изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Тој потсети дека името на Укшин Хоти ќе го повторат илјадници туристи кои секојдневно минуваат по оваа улица и доаѓаат од целиот свет.

„Укшин Хоти е само едно од 66-те нови имиња со кои неодамна беа преименувани улиците на општина Чаир, меѓу кои има многу истакнати личности кои ќе бидат траен белег и потсетување за сите нови генерации. Во оваа прилика сакам неизмерно да им се заблагодарам на сите соработници кои помогнаа историскиот Чаир да биде со нови имиња“, рече Ганиу.

На откривањето на плочата со новото име на улицата „Укшин Хоти” присуствуваа и сестрата на Укшин Хоти, Мирвете Хоти, вицепремиерот Артан Груби, пратеници, претставници на институции, академици и граѓани.

По свеченото промовирање на улицата, во соработка со општина Чаир, Државната агенција за архива на Косово и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, беше отворена изложбата „Направи или умри!” посветена на животот и делото на Укшин Хоти.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокатот Шајн го извади Раста – патната исправа веднаш вратена !!

Српскиот рапер Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на Џејсон Деруло, е ослободен и си заминува за Белград – дознава...

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од...

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...

22 годишен полицаец од Виница, се самоповредил со службениот пиштол во апартман во Охрид

Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една...