28.9 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаПотврдено: Убиецот на Мартин Нешковски една година не е во затвор

Потврдено: Убиецот на Мартин Нешковски една година не е во затвор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Осудениот за убиството на Мартин Нешковски, Игор Спасов не е в затвор затоа што се лекува, потврдуваат за Фактор од Управата за извршување на санкции. Според информациите тој е на лекување речиси една година. Судот му го продолжувал прекинот во неколку наврати.

<

„Осудениот Игор Спасов почнувајќи од 29.08.2018 година, до денес се наоѓа во прекин на издржувањето на казната затвор, кој му е одобрен со решение на Основен суд Штип и првично требало да трае два месеци до 22.10.2018 година. Но, потоа истиот суд му го продолжува прекинот на казната од 22.10. 2018 до 17.12.2018 година, па со ново решение му го продолжил до 17.12.2018 до 18.02.2019 година, како и одново од 18.02.2019 до 18.05.2019 година, за да последен пат му биде продолжен од 18.05.2019 до 18.08.2019 година кога треба да се врати во КДП Идризово на доиздржување на остатокот од казната“, информираат од Управата за извршување на санкции..

Прекинот на казната му е одобрен од судијата за извршување на санкции во истиот суд кој е надлежен според местото на живеење, а причината е неговата здравствена состојба, додаваат од Управата за извршување на санкции.

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиство на Мартин Нешкоски за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во 2011 година.

Во мај годинава во дел од медиумите се појави информација дека е забележан во кафуле во Скопје.

фото Народен глас

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...

Повторно пожар во Кочани- Гори фабриката за стиропор.

Голем пожар избил во фабрика за производство на изолациски материјали од стиропор во Кочани. Според информациите, има голема материјална штета. Од Територијалната противпожарна единица во Кочани...