8.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаСпоред СДСМ градоначалникот Пецаков не смее да биде хуманитарец и да им...

Според СДСМ градоначалникот Пецаков не смее да биде хуманитарец и да им помага на болните лица?

Според СДСМ градоначалникот Пецаков не смее да биде хуманитарец и да им помага на болните лица? или што би регле Охриѓани и ако врне два дена во Охрид за СДСМ градоначалникот е крив !!

Актуелниот градоначалник господинот Пецаков неодамна направи еден голем чекор со новите паркинг услуги за кои парите од истите ќе бидат наменети за болните лица, но за жал и тоа му смета на СДСМ?!

Зад приказната за хуманитарен паркинг од 2 (две) паркинг места ВМРО ДПМНЕ го крие покачувањето на надоместокот на услугите за користење на паркинг простор, обвинија денес од ОО на СДСМ Охрид.

 

За ВМРО ДПМНЕ хуманитарен паркинг се само 2 ( две ) места и тоа на ул. Кеј Македонија на паркинг просторот наспроти Вила Деа !

Со одлуката која денес ја усвои ДМПНЕ речиси цел Булевар Македонски Просветители влегува во премиум паркинг зона и надоместокот за паркинг услуга во летото ќе биде 100 ден наместо досегашните 60 ден, а дел од ул. Партизанска и тоа од пресекот на Булевар Македонски Просветители со ул. Партизанска до пресекот на ул. Партизанска со новопроектираната улица кај стара Автобуска станица влегува во Зона А и надоместокот за паркинг зона во лето ќе изнесува 40,оо денари наместо досегашните 30,оо денари.Со донесување на оваа одлука најпогодено ќе биде резидентното население, но и дуќанџиите и угостителите кои гравитираат на овој потег, затоа што согласно важечките акти во премиум зоната и во А зоната не е дозволен месечн и годишен билет.

И додека изминатите години намалувавме цени за паркинг простор на барање на угостителите, сега на еден суптилен начин се донесе одлука со која истите се зголемувааат, што секако е неприфатливо.СДСМ нема да прифати ваква одлука посебно не во услови кога се прошири опсегот на работа на ЈП Билјанини Извори, кое на стопанисување доби нови простори за оформување на паркинг простор.Во врска со хуманитарниот паркинг на 2 (две) паркинг места на Кеј Македонија на паркинг просторот наспроти Вила Деа, советничката група на СДСМ и коалицијата предложи паркинг да има и во премиум зоната и во А зоната, односно на предлог на јавното претпријатие Советот да ги утврди хуманитарните паркинг места. Само на овој начин хуманитарните паркинг места ќе ја постигнат својата цел, јавното претпријатие ќе покаже дека навистина има сериозна намера дел од средствата од граѓаните да ги донира за хумани цели, а за граѓаните дополнителен мотив да ги одберат баш тие места за паркирање на своите возила. Секое поинакво постапување е веќе познатото популистичко делување на ВМРО ДПМНЕ со кое со наводен хуманитарен паркинг го кријат поскапувањето на цените за да го амортизираат револтот на граѓаните повторно напаѓајќи го СДСМ Охрид, но ваквото наше тврдење за брзо време ќе се покаже како вистинито особено тогаш кога последиците од оваа одлука ќе ги почувствуваат на својот џеб самите граѓани, а особено угостителите, дуќанџиите и резидентното население кое гравитира на овие простори, стои во писменото соопштение на СДСМ Охрид.

Од општината одговорија: СДСМ се безидејни и исфрустрирани.

„Жална е глетката на СДСМ Охрид деновиве. Безидејни, огорчени, исфрустрирани и јадни…Фактот дека Охрид се развива, фактот дека се излегува во пресрет на граѓаните и им се помага, фактот дека Охрид се менува кај нив предизвикува болка која ја манифестираат со критика дури и на проекти кои имаат хуман карактер. Фрапирани сме од нивната критика која ја упатуваат на сметка од проектот кој е од хуманитарен карактер и има за цел да се излезе во пресрет онаму и кај оние сограѓани на кои тоа ќе им биде најпотребно. Незамисливо е за било кој, да не поддрши хуманитарна акција особено кога се однесува за негов сограѓанин. Охриѓани тоа од поодамна го почуствуваа и на изминатите локални избори го манифестираа тоа чувство, затоа СДСМ Охрид се таму каде што се денес, во опозиција, безидејни, огорчени, исфрустрирани и јадни“, стои во одговорот од општина Охрид.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...