7.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаТетовчанец ја довел пијаната мајка во болнца, па брутално го претепал медицинскиот...

Тетовчанец ја довел пијаната мајка во болнца, па брутално го претепал медицинскиот техничар од брзата помош.

Брутално претепан медицински техничар од брзата помош во Тетово. Инцидентот се случил во три часот по полноќ, кога во брзата помош било пријавено момче со неговата мајка, која била во алкохолизирана состојба. Откако бил известен од медицинскиот техничар дека жената во ваква состојба треба да биде испратена на стационарното одделение, 28 годишниот син со иницијали М.Г. од Тетово, почнал да го удира со тупаници и клоци. Му скршил заби, носот и му нанел тешки повреди на рацете и нозете. После тоа, техничарот Џељаљ Нухиу бил хоспитализиран на одделението за интензивна нега- пишува Тв Алсат.

Едно лице го доведе својот родител во алкохолизирана состојба и ме праша каде да ја носи? Со сестрата му објаснивме да ја испрати на интерното одделение по што без двоумење ме нападна и изгубив свест, потоа не знам што се случило. Имам сериозни повреди. Јас лично ниту знаев, ниту имав некакво несогласување со дотичниот, ниту знам како се случи тоа. Немавме апсолутно никаков вербален конфликт. Имам максилофацијални повреди, скршени заби, скршен нос, скршено колено, “ рече Џељаљ Нухиу, техничар за брза помош

Случајот го потврдија и од Секторот за внатрешни работи во Тетово. Напаѓачот е уапсен.

„Вчера околу три часот по полноќ од слобода е лишен 28-годишниот М.Г. од Тетово. Преземени се мерки за целосно расчистување на случајот. Ќе поведеме претставка до основното обвинителство за целосно расчистување на случајот,“ рече Фатмир Реџепи- портпарол на полицијата на Тетово.

Речиси секоја година има случаи на брутално претепување лекари во тетовската болница, но и покрај бројните апели и реакциите од Здружението на лекари, ваквите случаи сè повеќе се повторуваат. Во претпоследниот случај беше претепан лекар на одделението за кожни болести.

Башким Сулејмани

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...