9.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаДВ: Фрчат казни за трговците – ги набилдале маржите и до 38%

ДВ: Фрчат казни за трговците – ги набилдале маржите и до 38%

Пазарните инспектори досега утврдиле 30 неправилности. Казните за трговците коишто ги прекршиле законите зависат од големината на субјектот којшто го поседуваат и се движат од 400 до 5.000 евра.

Државниот пазарен инспекторат од почетокот на јуни открил 30 неправилности кај трговците на мало и големо коишто ја злоупотребиле економската криза и одмрзнувањето на цените и енормно ги зголемиле цените на производите. Директорката на пазарниот инспекторат, Анета Симеска Димоска за ДВ вели дека се извршени вкупно 213 надзори во сите градови, а прекршувањата најчесто се направени по два основи – или трговците немале евиденција во објектот, или таа не се водела согласно Правилникот за водење на евиденција во трговијата на големо и мало или има отстапувања.

Најголеми злоупотреби се забележани на 3 јуни, кога започнаа контролите. Дел од трговците покрај тоа што ги одмрзнале цените и на нив пресметале 5 отсто ДДВ, вкалкулирале и маржа од осум, а некаде и по 25 и 27 проценти. „Имаше случаи каде цените беа зголемени со маржи од 38 проценти за одредени производи“, вели Димоска.

Најголемо зголемување на цените било забележано кај тестенините на почетокот на јуни – некои трговци овие производи ги продавале со вкалкулирана маржа во цената од дури 35%, а граѓаните се жалат дека се вивнати до небо и цените на зејтинот, шеќерот, брашното, месото… Казните за трговците коишто ги прекршиле законите зависат од големината на субјектот којшто го поседуваат и се движат од 400 до 5.000 евра.

Според Димоска, инспекциите и казните ги пишманиле дел од трговците – па дел од нив ги вратиле цените по старо, или пак го прилагодиле поскапувањето согласно одлуката за одмрзнување на цените на основните производи.

Воени профитери во време на криза

Цените нагло рипнаа откако завршија тримесечните антикризни мерка на Владата, кои беа на сила до 1 јуни, а со кои беа замрзнати цените на основните прехранбени производи. Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, вели дека откако инспекциите излегле на терен по укажувањата за вештачко зголемување на цените, тие се вратиле по старо или стагнираат.

„Се чини дека помага покажувањето со прст на одреден факт и неморално однесување“, изјави Битиќи во Утрински брифинг и додаде: „Во време на криза не можеш да се однесуваш како воен профитер, а знаеме како завршуваат воени профитери. Јас не влијаам и не интервенирам на слободниот пазар, но апелирам на моралните вредности на стопанствениците кои треба да ја имаат предвид општата ситуација“. Тој укажува дека имало такви зголемувања на цени со маржи кои што оделе и до 70% од цената што е неприфатливо и е удар врз граѓаните.

Владата најавува нови мерки за справување со кризата, кои ќе започнат веднаш штом ќе биде изгласан ребалансот на Буџетот во Собранието. Мерките се насочени за најкритичните граѓани и компании.

Извор: ДВ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...

Османи: И Заев велеше дека нема да прави влада со ДУИ

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете поддршката на македонскиот народ. И Заев велеше дека нема да прави влада со...

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на...

Наскоро во срцето на Дебрца се отвора етно ресторан Бате Боле.

Во срцето на општина Дебрца, поточно во село Лешани наскоро се отвора етно ресторан Бате Боле. Ресторанот се наоѓа до вила Бате Боле која од...