30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев и Борисов се поклонија на гробот на Гоце Делчев

Заев и Борисов се поклонија на гробот на Гоце Делчев

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов денеска положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас” во Скопје по што ги разгледаа фреските и иконостасот во црквата.

<

 

На поклонувањето на гробот на македонскиот револуционер беа присутни и министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Екатерина Захариева.

Борисов, кој престојува во еднодневна посета на земјава, потоа замина на средба со претседателот на Македонија Стево Пендаровски од каде заедно со премиерот Заев ќе се упатат во Дојран каде што ќе положат цвеќе на споменикот на полковник Константин Каварналиев.

Со тоа ќе заврши официјалната посета на премиерот Борисов по повод двегодишнината од потпишувањето на Договорот за добросоедство, пријателство и соработка меѓу двете земји што беше потпишан на 1 август 2017 година во Скопје.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...