16.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонија„Бубамарата“ им ја исполни желбата: Малите Сафет и Харун добија велосипеди благодарение...

„Бубамарата“ им ја исполни желбата: Малите Сафет и Харун добија велосипеди благодарение на пасторот Филип

spot_imgspot_img

Пасторот Филип Иванов, познат како голем хуманитарец, вчера на својот Фејсбук профил објави емотивна сторија за малите Сафет и Харун, која денес заврши со хепинед.

Иванов на своите следбеници на ФБ ги претстави Сафет и Харун, кои често поминувале покрај црквата со цел да добијат по некој оброк. Така седејќи и муабетејќи здогледале бубамара, па се договориле да уловат една со цел да си посакат желба и потоа да ја пуштат да одлета. И двајцата си посакале нови велосипеди, а пасторот откако им ја слушнал желбата, истата решил да ја сподели на својот ФБ профил:

„Во тој момент јас знаев што сака Господ да направам, да ја пуштам „бубамарата“ тука на Фејсбук, па ако некој сака да им ја оствариме желбата – нека ми пише, може да купиме нови, а може и да се најдат користени и здрави. Сафет е девет години, Харун е пет. И не, не мора точаците да се баш како тој на попот“, пишуваше на статусот на Иванов, кој наиде на бројни позитивни реакции и големи хуманитарци.

Денес, Филип објави дека желбата на Сафет и Харун е исполнета, споделувајќи фотографија од нивните нови велосипеди, слика која наиде на воодушевување и емоции.

„Еве ги денес Сафет и Харун со нови бајкови, тоа „бубамарата“ чуда направи, радости еден тон! Ви благодарам на тие што земавте учество во ова нешто, Господ нека направи нивнава радост да биде и ваша засекогаш“, стои во написот на Иванов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...

Неофицијално: Починатата девојка во Штип е ќерка на жената која лани уби човек во Кавадарци

Сеуште нема официјални информации за обдукцијата на 26-годишната девојка од Кавадараци, чие тело вчера беше пронајдено во куќа во близина на Градската црква...

По еден час се чека за влез во Грција од Македонија преку граничниот премин Богородица

По еден час се чека за влез во Грција од Македонија преку граничниот премин Богородица. Од АМСМ велат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци...