20.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаПротест на затворските полицајци во Идризово – „Секој ден сме во опасност,...

Протест на затворските полицајци во Идризово – „Секој ден сме во опасност, државата не сака да не заштити“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Затворските службеници бараат државата да ги заштити. Палењето на автомобилот на командирот во затворот „Идризово“, што се случи синоќа околу 2 часот, ја прели чашата со проблеми за кои со години алармираат затворските полицајци. Велат, секогаш прстот е вперен кон нас, а нашиот живот секојдневно е во опасност – надлежните институции не реагираат.

<

„Бараме од надлежните, односно МВР, најсериозно да го сфатат овој проблем и што е можно побрзо да го откријат сторителот на ова кривично дело. Јавно го повикуваме министерот за правда, г. Тупанчевски, ако може уште утре да одвои еден час време од работното време, да не повика нас како синдикат, да му ги објасниме нашите проблеми, безбедноста при вршење на затворската полиција и условите за работа“ – рече Александар Спасовски – Претседател на Независен синдикат – Затворска полиција Идризово.
„Луѓето се веќе осоколени, против униформата и ние едноставно сме во голем проблем. Не само ние, самите граѓани во оваа држава ќе имаат голем проблем. И ќе се случи, не дај Боже, прашање со кое, ќе има тепање по улици. Зовриено е веќе кај многу поединци. Ако ние овде 50 луѓе не можеме да се справиме со нешто што веќе е осудено и што веќе е во затвор, па што да кажеме за обичен граѓанин?“- рече Претседател на Независен синдикат на полицијата.

Од Синдикатот велат дека службениците кои работат спротивно од законите треба да одговараат. Вината за палењето на автомобилот, но и сите останати реперкусии кои ги трпат затворските службеници ја лоцираат во сопствената немоќ над затворениците.

„Сакате да кажете дека денеска автомобилот беше запален од страна на затвореници кои сакаат да се одмаздат за акцијата? – Јас го потврдувам тоа што вие го кажувате, да така е! Службениците не може да бидат виновни, затворскиот полицаец е жртва на системот затоа што им се врзани рацете! Што може да направи затворскиот полицаец, да преземе дејсвие со кои утре ќе влезе во поголем проблем?“ вели Гоце Делчев – Претседател на Независен синдикат на полицијата.

Палењето на автомобилот на командирот доаѓа откако пред три дена беше извршена акција во најголемиот затвор во Македонија, „Идризово“, и од затвореници беа запленети 50-тина мобилни телефони, ножеви, дрога па дури и оружје. Автомобилот бил запален синоќа во доцните часови, на што претходела брканица низ затворското одделение. Сопственикот на автомобилот се здобил со изгореници, а пожарот го изгасиле пожарникари.

Викторија Миткова Alfa

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...