17.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаПолицаецот од Битола кој претепа Ром осуден на една година затворска казна.

Полицаецот од Битола кој претепа Ром осуден на една година затворска казна.

Основниот Кривичен Суд Скопје на 30.05.2022 година донесе пресуда со која го прогласи обвинетиот Г.П., униформиран полициски службеник вработен во СВР Битола за виновен и го осуди на казна затвор во траење од една година, соопштија од Хелсиншки комитет.

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Хелсиншкиот Комитет за човекови права информираат дека Основниот Кривичен Суд Скопје, по пресуда на Апелациониот суд со која беше укината првостепена пресуда, во повторно судење донесе идентична пресуда со која полицискиот службеник Г.П вработен во СВР Битола се прогласува за виновен и истиот се осудува на казна затвор во траење од една година за делото ,,Малтретирање во вршење на службата” – член 143 од Кривичниот законик.

Како што пишува во соопштението, во повторното судење се изведени докази од страна на одбраната кои не биле прифатени во текот на претходното судење. Во врска со настанот, идентично како и во претходната пресуда, судот наведува дека полицискиот службеник го малтретирал оштетениот Н.Ј. и спрема истиот постапил на начин што се понижува човечкото достоинство и човечката личност, со што во целост е исполнето законското битие на кривичното дело кое на обвинетиот му се става на товар со обвинителниот предлог.

Судот утврдил дека на 21.09.2020 година околу 01:00 часот на ул.Никола Тесла во Битола, обвинетиот како службено лице-униформиран полициски службеник во вршење на службата го малтретирал оштетниот Н.Ј на начин што при обезбедување на лице место по случена сообраќајна незгода, откако спрема оштетениот употребил полуга на левата и десната рака, го турнал на земјата и додека оштетениот бил легнат на земјата обвиниетиот го удирал до клоци и тупаници по телото во пределот на главата, по рацете, по нозете, по грбот со што употребил прекумерна сила и спрема оштетениот постапил на начин на кој се понижува човечкото достоинство и човечката личност.

Одржани се неколку рочишта на кои се сослушани во својство на сведоци оштетениот, доктор по општа медицина како и сведоци на одбраната, а изведени се и повеќе докази помеѓу кои и видео материјалот од кој што судот неспорно утврдил дека веднаш откако бил употребен зафатот од обвинетиот за совладување на оштетениот и тој бил совладан и соборен на земја, обвинетиот продолжил да го удира оштетениот со тупаници и со клоци по телото и главата и тоа додека оштетениот лежел на земја.

Од Хелсиншкиот комитет укажуваат дека и покрај тоа што одбраната се повикува на агресивното однесување на оштетениот спрема полициските службеници, судот ги отфрлил ваквите наводи со образложение дека “околноста дека оштетениот критичниот момент бил под дејство на алкохол и агресивно се однесувал, за што се води и кривична постапка против него за кривично дело од член 383 од КЗ, не претставува оправдување за преземените дејствија од страна на обвинетиот и не претставуваат основ за ослободување на обвинетиот од кривична одговорност, кога истиот и покрај тоа што оштетениот бил совладан и соборен на земјата продолжил да го клоца по телото и главата повеќе пати и со тоа применувајќи прекумерна сила”.

Македонското здружение на млади правници и Хелсиншкиот Комитет за човекови права ја поздравуваат ваквата одлуката на судот, особено имајќи ја во предвид неприкосновеноста на индивидуалната слобода, како што и судот истакнува во самата пресуда, односно дека при одмерување на казната особено ги зел во предвид повредата на заштитеното добро на оштетениот, а тоа се слободите и правата на оштетениот, како и зачестеноста на ваквиот вид на кривични дела, како отежнувачки околности.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонските ракометари вечерва против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство...

Жена од Скопско тешко повредена: Ја прегазил трактор

Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино,...

Македонија денес ќе добие претседател – бојкотот не успеа!

До 17 часот на претседателските избори гласале 452.412 гласачи. Овој податок го пласираше ДИК од податоците пристигнати од 2040 избирачки места. ДИК информира дека...

Излезеноста е над 40%, Македонија постигна цензус!

Државната Изборна комисија излезе со најновите информации за излезноста на двојните избори до 17 часот. За претседателските избори излезноста е 42.32%, додека за парламентарните 46,93%. Вкупно...