8.9 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаМакедонијаМакрон се извини бидеќи не нарече Северомакедонци.

Макрон се извини бидеќи не нарече Северомакедонци.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска оствари телефонски разговор со Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, од каде доби уверување дека при употребата на придавката за граѓаните на Северна Македонија е направена ненамерна грешка, информира Министерството за надворешни работи.

<

Според МНР, при разговорот на Османи му е потврден официјалниот став на Франција за целосно почитување на официјалното име на државата, државјаните на Северна Македонија, како и соодветните придавки, на начин како што тие се дефинирани и прифатени во Обединетите нации, согласно Преспанскиот договор.

Реакцијата следи по изјавата на францускиот претседател Макрон на прес-конференцијата по Самитот на ЕУ во Брисел минатата недела кога ја употреби придавката „Северномакедонци“.

– Машината е подготвена за да се одобри тоа што ќе биде одлучено. Ова е многу добар сигнал. Сакам да му честитам на бугарскиот премиер и опозициските сили кои се здружија околу ова гласање, но и да им се заблагодарам на „Северномакедонците“ за нивниот напредок, рече Макрон, поздравувајќи ја одлуката на бугарското Собрание за прифаќање на „францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтегративниот пат на земјава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автомобил целосно изгоре близу „Водњанска“

Автомобил целосно изгоре на улицата „50-та девизија“ на приклучокот на „Водњанска“. Веднаш интервенирале противпожарни екипи, а автомобилот е целосно оштетен и изгорен.

Гол маж го шокираше Скопје – Прошета низ центарот на градот

Утринава, пред помалку од еден час, кај скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, минувачите и средношколците беа сведоци на несекојдневна сцена – гол маж прошета...

Ова е Цеца, кралица во затворот во Штип!

Бидејќи главна фаца денес е кучката Цеца, ММС успеа да најде фотографија од оваа кралица во затворот во Штип. Но, која е Цеца? Извори на ММС...

Се огласи директорот на Кумунално Битола: За храна за кучиња имаме потрошено 100.000 денари а не 60.000 евра !!!

Директорот на Комуналното препријатие Горан Степановски од Битола, ги отфрла сите шпекулации и лаги кои беа изнесени на денешната седница- тој на социјалните мрежи...