20.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаНБА кошаркарот на екипата на Кливленд Кавалирс, Чеди Осман, во Охрид го...

НБА кошаркарот на екипата на Кливленд Кавалирс, Чеди Осман, во Охрид го кажа судбоносното да, со познатата турска актерка Ебру Шахин

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

НБА кошаркарот на екипата на Кливленд Кавалирс, Чеди Осман, во Охрид го кажа судбоносното да, со познатата турска актерка Ебру Шахин. На скромна забава пловејки со брод низ Охридското Eзеро, се одржа венчавка, со која тие ја крунисаа својата љубов со брак. На забавата беа присутни педесеттина луѓе, роднини и пријатели, помеѓу кои и познати актери од Турција. Бродот пловеше два часа низ Охридското езеро, а на градското пристаниште дојдоа да ги испратат и одпоздрават и локалните жители на Охрид.

<

Свадбената веселба ќе се одржи на 7-ми јули во Чешме, Турција. Ебру и Чеди веќе неколку дена се во Охрид каде уживаат во убавините на градот. Инаку Чеди Осман до својата четири годишна возраст живеел во Охрид, од каде потоа со родителите се сели во Сараево, па во Истанбул, каде играл за екипата на Анадолу Ефес. Од 2017-та година игра во НБА лигата. Од 2007-ма година настапува и за кошаркарската репрезентација на Турција.

Автор: Мики Трајковски, Охрид- Глас на Америка.

Видео Тука

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

РВР бренд му подари уникатни патики на Џејсон Деруло

Светски познатиот пејач Џејсон Деруло, по повод својот прв концерт во Македонија, доби ексклузивен и персонализиран подарок – рачно изработени Nike Air Force 1...

Михаилов: Едно запалено глувче, или запалена опашка на една лисица, може да го рашири пожарот !!

Заменик директорот на Национални шуми Кирил Михаилов во гостување во вестите на Сител изјави дека овие месеци видел сешто, па имало случаи кога запалено...

Поради енормна бучава, полицијата во Струга заплени „ламборџини“, БМВ и „ауди“

Четири патнички моторни возила за само два дена одзела струшката полиција поради предизвикување голема бучавост, при засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Возилата денеска...

„Секогаш ќе те сакам“: Ева Заева се прости од Душко Чифлиганец

Поранешната девојка на младиот бизнисмен Душко Чифлиганец, Ева Заева сподели емотивна објава на Инстаграм откако тој подлегна на повредите по мото трката во Чешка....