Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, предмалку алармираше дека вечерва имало обид за негова ликвидација.
„Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР!” напиша тој на Фејсбук објавувајќи ја оваа фотографија.
Претходно кај трговскиот Мавровка се слушнаа истрели од огнено оружје, а екипа на Алфа забележа и сними човек во црна маица кој пукаше со пиштол.