25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 7, 2025
ПочетнаМакедонијаНие градиме мир меѓу себе за доброто на идните генерации- Вели Артан...

Ние градиме мир меѓу себе за доброто на идните генерации- Вели Артан Груби

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Прв ќе гласам против секој предлог што ќе дојде и ќе му наштети на јазичниот и историскиот идентитет на нашите македонски сограѓани, но кога ќе се уверам во спротивното, за било кој компромис кој го штити културниот идентитет, ќе мора да имаме храброст заедно да размислуваме за идните генерации, а не за идните избори, порача првиот вицепремиер Артан Груби, во говор на комеморативната седница за сеќавање на геноцидот во Сребреница.

<

„Не е случајно воспоставувањето на нашата соработка во “Отворен Балкан“. Нашата цел е да ги подобриме односите на мрачната историја, да си помагаме еден на друг и заедно да го изградиме патот на развојот на нашите земји. Иницијатива за да ги затвориме вековните рани преку помирување не преку заборавање, градејќи го патот за идните генерации“

рече Груби.
Врз основа на овој принцип работиме и на решавање на спорот со Бугарија, посочи Груби.

„Ние овде заедно во оваа држава, во ова Собрание, пратениците преку одобрувањето на Охридскиот договор ги запечативме основите на еднаквоста на сите заедници, македонската, албанската, босанската, влашката, српската, ромската заедница, а потоа го отворивме патот за членство во НАТО преку Договорот за добрососедство со Грција и станавме дел од НАТО, го затворивме и спорот со Србија преку автокефалноста на православната црква и убедени сме дека ќе ја решиме и последната пречка што ќе го отклучи нашето членство во Европската Унија, но секогаш без никаква дилема со почитување на целосниот историски, културен и јазичен идентитет на нашите сограѓани Македонци“

потенцира Груби.
Првиот вицепремиер во обраќањето рече дека не треба да се заборави минатото туку дека треба да соберат сили, да се подаде раката на помирувањето, да се бориме против деструктивните идеологии на предрасудите, омразата и слепиот национализам.

„Многу мрачни периоди на непријателства видоа нашите земји, многу невина крв се пролеа и конечно се разбудивме, градиме мир меѓу себе во корист на идните генерациите. Една од оние трагедии што секој Јули не потсетува на болните доживувања на Бошњаците е геноцидот во Сребреница во 1995 година. Ќе поминат многу години и векови, оваа голема трагедија која резултираше со убиство на околу 8.000 невини луѓе ќе остане засекогаш запаметена“

истакна рвиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.
Извор:360 степени

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охрид – домаќин на дипломатска средба: Муцунски и Хасани во посета на Бисерот на Македонија

Како градоначалник на Охрид, градот на светлината, градот каде секое камче има своја приказна, ми причинуваше чест да бидам домаќин на македонската...

На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите. Ќе добиваат месечен надоместок...

Охрид: При контрола на Капетанијата и Езерска полиција фатени СЕДУМ пијани „КАПЕТАНИ“

Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица беше утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07...

Пронајдено изгорено човечко тело, по пожарот кај Лепенец

Порталот „Скопје1“ пренесува дека по вчерашните пожари кај Лепенец , е пронајдено изгорено човечко тело во штала која била лоцирана во близина на...