7.5 C
Ohrid
вторник, ноември 26, 2024
ПочетнаМакедонијаМВР: Протестантите не смеат да ги блокираат автопатите, тоа е спротивно на...

МВР: Протестантите не смеат да ги блокираат автопатите, тоа е спротивно на закон !!

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (08.07.2022) во архивата на МВР е примен акт со кој политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, како организатор на протест, известува дека: „Во знак на протест ВМРО-ДПМНЕ организира блокади на улици на ден 8 јули (петок), во период од 13.00 до 14.00 часот“. Во известувањето се наведени маршрути, т.е. локации на блокадите и посочува лице за контакт со организаторот, што е дел од обврските на организаторот предвидени во член 3 од Законот за јавни собири.

Истиот член предвидува во известувањето да бидат дадени и податоци и за „мерките што организаторот ги презел во врска со непречено организирање и одвивање на јавниот собир и податоците за организирање на редарската служба“.
За таа цел, Министерството за внатрешни работи изрази иницијатива за работна средба со контакт лицето наведено во актот, кое не одговори на поканата, ниту обезбеди своја замена или друг претставник во име на организаторот.

Оттука, со цел навремено и објективно информирање на јавноста, Министерството за внатрешни работи потсетува на правата и должностите кои ги предвидува Законот за јавните собири.

Согласно, член 2-а од Законот: „Јавен собир заради мирно изразување на мислење или протест може да се одржува на секое место кое е соодветно за таа намена, освен:

– до здравствени установи, на начин кој го оневозможува пристапот на возила на брза помош и го нарушува мирот на болните,
– до детски градинки и училишта додека децата престојуваат во нив и
– на автопатишта и магистрални патишта, на начин со кој се загрозува патниот сообраќај“.
Во членот 4 од истиот закон стои: „Заради заштита на правата на граѓаните, нормалното одвивање на сообраќајот, снабдувањето на населението со лекови, храна, гориво и слични неодложни потреби, како и заради почитување на обврските од меѓународни договори, организаторот на јавниот собир е должен да го обезбеди одржувањето на редот на јавниот собир и да организира редарска служба.
Доколку организаторот побара, а Министерството за внатрешни работи определи обезбедувањето на одржувањето на редот на јавниот собир да го врши полицијата, трошоците за тоа обезбедување ги поднесува организаторот.
Организаторот е должен да го прекине одржувањето на јавниот собир, ако дојде до загрозување на животот и здравјето, безбедноста и личната сигурност на луѓето и имотот.
Во случаите од став 3 на овој член, организаторот е должен веднаш да го извести Министерството за внатрешни работи“.
Во интерес на јавноста е потсетување на уште еден член од законот со кој е уредена оваа материја, и тоа член 6, според кој: „Министерството за внатрешни работи ќе го прекине одржувањето на јавен собир во случаите кога истиот е насочен кон:
– загрозување на животот, здравјето, безбедноста, личната сигурност и имотот на граѓаните;
– вршење или поттикнување на вршење кривични дела утврдени со закон и – загрозување на животната средина.
Извор-4news

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче Ангелов од ЦУК избран за „Маж на годината“ за 2024

Дотераната елита од сите сфери на живеење, се собра, синоќа, во Националната опера и балет каде, традиционално, 7-ми пат по ред, се одржа...

Во новата книга на Ангела Меркел Заев е опишан како храбар и решителен човек.

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја претстави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело кое повторно го привлече вниманието на светската јавност. Во книгата, Меркел пишува...

Во следните две години доктори во мали места ќе може да работат сами, без медицински сестри

Следните 24 месеци, на доктори во мали места ќе им биде дозволено да продолжат да работат без медицински сестри. Одлуката беше поздравена на прес-конференција...

Претседателот Бајден помилува две мисирки со бели пердуви !!

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден помилува две мисирки со бели пердуви, Пич и Блосом, да не завршат на трпеза за Денот на...