27.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаПрофесорот Дескоски бара да се отстранат знамињата со “Вергина” од протестите: Македонскиот...

Професорот Дескоски бара да се отстранат знамињата со “Вергина” од протестите: Македонскиот народ никогаш не го користел тој симбол

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Професорот Тони Дескоски на Фејсбук напиша дека според него организаторите на протестите треба да ги отстранат знамињата со сонцето од Кутлеш.
– На сите фотографии од протестите против Францускиот предлог доминираат знамиња со Сонцето од Вергина.

<

Тоа е и ќе биде обилно злоупотребено од Бугарската дипломатија како доказ за нашата наводна неискреност спрема соседите. (За Грците веќе сите знаеме дека педантно ќе го документираат и употребат кога ќе им треба)

Би било добро организаторите на протестите да поведат сметка за отстранување на овие знамиња со ваквиот симбол.

Тој се наоѓаше на државното знаме само три години. Веќе 27 години не е државен симбол, а историски не е поврзан со ниту еден настан или процес кој довел до создавање на Македонската нација и држава (за која се изборија партизаните во НОВ). Македонскиот народ никогаш не го користел истиот.

Нема ниту една причина да вееме хеленски симболи од античко доба. Си имаме свои симболи под кои нашите дедовци лееле крв за Македонија. Си имаме и државно знаме со поинакво сонце, напиша Дескоски на Фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...