28.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаСрбија и Македонија со најголеми резерви на злато во регионот

Србија и Македонија со најголеми резерви на злато во регионот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Податоците на Светскиот совет за злато покажуваат дека Србија има најголеми резерви на злато меѓу земјите од регионот. Второто место на Балканот го зазема Северна Македонија.

<

Според овие податоци, Србија со 38,1 тони златни прачки е водечка земја во регионот по количината на овој благороден метал депониран во трезорите на Народната банка на Србија.
На второ место на Балканот е Северна Македонија со 6,9 тони златни резерви, Словенија со 3,2 тони, Босна и Херцеговина со три тони злато и Црна Гора со 1,09 тони, додека Хрватска нема резерви во злато, бидејќи ги има продадено во 2001 година, пренесува „Еуроњуз Србија“.

Кои земји имаат најмногу злато?

Светскиот совет за злато објави истражување на централните банки, чии резултати покажуваат дека финансиските институции продолжуваат позитивно да го гледаат златото како резервна актива. Тие укажуваат дека уделот на испитаниците од централната банка кои имаат намера да ги зголемат своите златни резерви се зголемува секоја година. Втора година ниту една банка нема намера да ја намали количината на своето злато, а од друга страна дури 25 отсто од испитаниците велат дека планираат да ги зголемат резервите во злато, наспроти 21 отсто лани.

Централните банки се пооптимисти за златото како резервна актива во 2022 година, при што 61 процент од испитаниците изјавиле дека очекуваат глобалните златни резерви да се зголемат во следните 12 месеци.

Убедливо најголеми резерви на злато имаат САД, кои официјално моментално имаат 8.133 тони злато. Во златни прачки најмногу инвестираат Германија, Франција, Италија и Русија.

Кина, Индија и Холандија се исто така на врвот на рангирањето на земји според резервите.

Според економските експерти и банкарските аналитичари, златото е најдобрата и најбезбедната инвестиција, особено во турбулентни времиња во целиот свет поради руско-украинскиот конфликт.
Lokalno.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...