12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаСветПретседателот на Шри Ланка побегна од државата

Претседателот на Шри Ланка побегна од државата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса побегна од земјата, пренесе синоќа Би-Би-Си, а надвор од државата е и неговиот брат, поранешниот министер за финансии, Базил Раџапакса.

<

Демонстрантите бараа претседателот и премиерот да си заминат или ќе се соочат со многу поголеми демонстрации.

Според Би-Би-Си, се очекува и премиерот да ја напушти земјата.

Претседателот на Шри Ланка претходно вети дека ќе поднесе оставка. Неговиот помлад брат бил спречен да ја напушти земјата пред 24 часа, но сега наводно е на пат за САД.

Земјата со 22 милиони жители се бори со сериозен недостиг на девизи што го ограничи суштинскиот увоз на гориво, храна и лекови, втурнувајќи ја во најголемата економска криза од независноста во 1948 година.

Многумина за ова го обвинуваат претседателот Раџапакса, а воглавно мирните протести се водат уште од март.

Незадоволството се влоши во последните недели бидејќи земјата ги затвори училиштата и ја рационализираше потрошувачката на гориво, при што инфлацијата достигна речиси 55 отсто во јуни.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...