25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаМакедонијаЏамбаски го коригира Османи: Самуил е бугарски цар, а Гоце Делчев е...

Џамбаски го коригира Османи: Самуил е бугарски цар, а Гоце Делчев е Бугарин

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски му порача на министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи дека не постојат две верзии на историјата.

<

„Таа перспектива може да се стави во учебниците, но само ако се одобри од комисијата, а таа е автономна и нема рокови. Бугарија нема да прави компромиси со историската вистина. Самуил е бугарски цар, а Гоце Делчев е Бугарин“, напиша Џамбаски.

Џамбаски реагираше по интервјуто на Османи за македонската национална телевизија во кое министерот кажа дека наративот во историската комисија наметнал две верзии на историските толкувања.
Џамбаски на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои се вели „Не ја предавај Македонија“.

Тој претходно објави и фотографија со мапа на која Македонија е под Бугарија.

Македонските граѓани овие фотографии масовно ги споделуваат на социјалните мрежи со барање Владата и надлежните министерства да реагираат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопјанецот Зоран Настески совлада патник што се заканувал дека има бомба, на авионски лет од Лондон за Глазгов. (Видео)

Зоран Настески од Скопје, кој живее во Англија соборил на земја патник кој на лет од Лондон до Глазгов се заканувал дека има бомба...

Скандал на Европското првенство во бокс: Македонски судија физички нападнат од тренер на Азербејџан!

Голем инцидент го одбележа финалето на Европското првенство за кадети во бокс, кое се одржуваше на Златибор, Србија. Македонскиот судија Стефан Цубалевски бил физички...

Градоначалничката Данела Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето. Град Скопје соопшти, а и Арсовска на профилот на социјалните мрежи објави...

Хрват обвинет за силување овца, кобила и мртва кокошка: Ги признал сите дела

Уште еден маж е обвинет за силување животни во Славонија. Според Нови лист, Општинската канцеларија на државниот обвинител го обвини 43-годишниот невработен градежен работник за...