20.7 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаМакедонијаБројна полиција ги брани пратениците од народот што ги изгласал?!

Бројна полиција ги брани пратениците од народот што ги изгласал?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Траорно е денска пред Собранието на Република Македонија. Повеќе полиција од народ во моментов, покажуваат фотографиите на нашите репортери.

Дополнително секој пратеник кој денеска се наоѓа во Собранието со себе има по најмалку пет телохранители кои треба да го заштитат од гневниот народ, јавуваат некои портали.

<

Полициско обезбедување има пред Собранието, ЕУ Инфо центарот, Бугарската амбасада и секаде помеѓу овие неколку критично точки.

Во исто време, додека пред собраниeто се собира голорак мирен народ да ја искаже својата непокорност, во Собранието се собираат народните избрници за обраќањето на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Обраќањето на странскиот емисар е закажано во 13 часот, а обраќање ќе има премиерот Димитар Ковачевски.

Според информации од Собранието, се очекува седницата да трае два дена. Информацијата за францускиот предлог пред пратениците се очекува да ја образложи претставник од Владата, по што ќе почне собраниската расправа. Според најавите, во расправата ќе учествуваат речиси сите пратеници од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и од Левица. Се очекува Џафери да ги свика координаторите на пратеничките групи да направат последен обид Собранието да донесе усогласени заклучоци по Информацијата за францускиот предлог. Предлог заклучоци за францускиот предлог до Собранието достави и пратеникот од ДС Павле Трајанов, како основа за дебата за усогласени заклучоци. Доколку пропадне обидот власта и опозицијата да се усогласат за заклучоците, тогаш мнозинството и пратениците од албанскиот блок ќе ги изгласаат заклучоците предложени од власта. Нема информации дали ако нема договор, Трајанов ќе ги повлече своите предлог-заклучоци или Собранието ќе гласа за двата предлог-заклучоци. Извесно е само дека врз предложените заклучоци не ќе може амандмански да се интервенира.

Според нашите последни сознанија пратениците на ЛДП ќе гласаат ЗА предлогот. Пратеникот Павле Трајанов можно е да не се појави на седницата за гласање, а ДОМ веќе се изјасни дека ќе биде против предлогот.

Извор:Република.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов со убави вести: Куманово ноќва ќе биде зафатено од пороен дожд

Куманово и дел од Крива Паланка ноќва ќе бидат зафатени од пороен дожд, најави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Како што...

Јордан Митев: Тажна слика над моето родно село Подареш

Тажна слика над моето родно село Подареш. Прекрасната планината Готен со надморска височина од 1420 метри која го краси моето село е претворена во...

Кривична пријава против две лица кои му се заканувале на пратеник од Струга

Поднесена кривична пријава против А.К.(35) и Б.К.(33), двајцата од струшкото село Велешта, осомничени за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Како што соопшти Министерството за...

Прав играорец: Али Ахмети заигра оро на свадба во Кичево

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше дел од веселбата на свадба во Кичево, каде што не одолеа на ритамот на зурлите и тапаните. Во...