27.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 30, 2025
ПочетнаМакедонијаПратеничката Шкријељ: Кукавици, урлајте колку сакате, ние ќе продолжиме по европскиот пат

Пратеничката Шкријељ: Кукавици, урлајте колку сакате, ние ќе продолжиме по европскиот пат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Независната пратеничка во македонското Собрание, Санела Шкријељ, ги повика пратениците да го прифатат францускиот предлог, а нејзините колеги од ВМРО-ДПМНЕ кои со свирежи го саботираа и нејзиното излагање на собраниската говорница ги нарече кукавици, ксенофоби и криминалци.

<

„Антиевропска коалицијо, кукавици, ксенофоби и криминалци, можете да урлате и да свирите колку сакате, ние ќе продолжиме по европскиот пат на оваа држава, притоа зачувајќи го македонскиот јазик и сите особености на македонскиот етнички идентитет. Преговори со влез во Европската Унија како Македонци, со чист македонски јазик, не е асимилација. Асимилација е да им ја одземете иднината на илјадници млади, да бидат принудени да вадат пасоши од други држави на ЕУ за да можат да ги користат придобивките на Унијата“,

кажа Шкријељ, чиј говор едвај се слушаше.
Таа смета дека и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во вчерашниот говор пред пратениците, лично ги демантирала и разобличила сите лаги и потврдила дека ќе има почеток на преговори, чист македонски јазик, како и дека билатералните прашања ќе останат надвор од преговорите.
https://youtu.be/B4y6KCPuYSg

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...

Фото: Се запали јахта кај каналот Студенчишта во Охрид – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија !!!!

Се запали глисер кај каналот Студенчишта – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија Пред десетина минути во близина на каналот Студенчишта во Охрид избувна пожар...

Трагедија во Италија: Девет годишно девојче со потекло од Македонија се удави во реката Пјаве

Девојче со потекло од Македонија на возраст од девет години вчера трагично го загуби животот во реката Пјаве, во близина на Сан Џакомо ди...

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...