7.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаАпасиев: Францускиот предлог е најлош досега – нашата генерација нема да дочека...

Апасиев: Францускиот предлог е најлош досега – нашата генерација нема да дочека влез во ЕУ

На денешното обраќање во Собранието, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, истакна дека францускиот предлог е најлош досега и дека тој е резултат на неуспешната дипломатија предвoдена од Бојан Маричиќ и Бујар Османи.

Најголемите македонофоби во Бугарија кажаа дека францускиот предлог е чудо на бугарската дипломатија. 17-2 е резултатот од нашата недоквакана дипломатија предводена од Маричиќ и Османи . Францускиот предлог кој е најлош досега парадоксално е анти-европски. Кога ќе го прифатите, никогаш нема да станете членка на ЕУ. Составен е од четири документи, од кои само три ни се доставени. Протоколот не ни е доставен и во тој документ е целото предавство.

Како мали деца ве лажат со лижавчиња и ви измислија двофазно условно отворање на почеток на преговори. Ви измислија без преседан политичка меѓувладина конференција. Не постои такво нешто во европско право. Промена на Устав пред да ги почните преговорите – тоа само покажува дека ЕУ нема визија за Западен Балкан и ќе не’ вози 30 години.

Нашата генерација нема да дочека да влезе во ЕУ. Немате никакви писмени гаранции за натамошно условување и тоа и самиот Пендаровски ви го кажа. Протоколот е дел од преговарачката рамка преку членот 12, кој го потпиша Заев во тој фамозен Договор за добрососедство.

И нема да аргументирам правно, не ви влегуваме во таа квака како со Преспански, каде ви антиципиравме однапред и се ви кажавме како ќе биде. Затоа сте северномакедонци.

Историјата влегува во дел од рамката и за прв пат македонскиот јазик , кој што е кодифициран со АСНОМ, кој што е меѓународно признат преку ООН, за прв пат со унилатерална изјава влегува во меѓународна организација со наша согласност – што е најголемиот апсурд.

Со вакви дипломати толку можеме, за жал.” – истакна пратеникот на Левица, Димитар Апасиев.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...