2.8 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаПратениците од ВМРО-ДПМНЕ заверија на нотар изјави дека нема да прифатат промена...

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заверија на нотар изјави дека нема да прифатат промена на Уставот

spot_img

Вкупно 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата како гаранција кон народот, заверија на нотар изјави дека со мирна совест и здрава свест нема да прифатат промена на Устав, информираше лидерот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

“Нема отстапување ниту милиметар од ова, нема чекор назад бидејќи зад нас е сè што имаме, нашето достоинство, чест, и нашата Македонија”, порача Мицкоски.

Тој истакна дека секојдневните протести не беа негова борба или на ВМРО-ДПМНЕ, туку на народот.

“Сакам со особено чувство на гордост да му се заблагодарам на народот кој масовно и во огромен број излезе на улиците и со денови беше тврдина на непокор. И покрај сите напади, притисоци, излезе и не отстапи”, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на денешните случувања во Собранието, Мицкоски ги опиша како срам за државата.

“Ова е комплетирање на вториот дел од предавството на Заев. Предавството ќе биде немирната совест со која мора да живее секој пратеник и член на Владата што го поддржаа овој предлог. Ќе помине се и за неколку години повторно ќе треба да го погледнат народот во очи на улица. Фокусот им е на гола борба за фотелја. Не заборавија да крадат, тендери, анекси, ама народот и Колицијата на ВМРО-ДПМНЕ е тука да ги потсети за предавството, и ударот кон државата”, истакна тој.

Мицкоски порача дека избори мора да има, а ВМРО-ДПМНЕ гарантира дека внесувањето на Бугарите во Уставот нема да се случи, а за тоа гаранција се пратениците на опозицијата кои се заедно во оваа битка.

Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според Мицкоски ќе има тешка задача да го исправи тоа што актуелната власт го погреши и како што вели „да го врати украденото, а тие да одговараат за тоа што го сторија“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...