12.9 C
Ohrid
недела, мај 5, 2024
ПочетнаМакедонијаБугарите со декаларација потврдија дека не го признаваат македонскиот јазик

Бугарите со декаларација потврдија дека не го признаваат македонскиот јазик

spot_imgspot_img

Во посебна декларација, од страна на Министерството за надворешни работи на Бугарија, Софија укажува дека упатувањето во документите на ЕУ на официјалниот јазик на Република Северна Македонија во никој случај не треба да се толкува како признавање на „македонскиот јазик“ од страна на Република Бугарија пишува порталот БНТ.

Декларацијата со бугарската позиција ќе биде земена предвид од Советот на ЕУ, пишува порталот. Таа била презентирана пред постојните претставници во Брисел при самото гласање за преговарачката рамка за Скопје.

Во декларацијата се наведува и дека:

Бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на литературен бугарски јазик.

Создавањето на „македонскиот јазик“ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) заснована на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектна форма.

Со мерки во три документи – Рамка за преговори, заклучоци на Советот и билатерални протоколи – Бугарија утврдува мерки за строго спроведување на Договорот за добрососедство од 2017 година од Скопје, што ЕК ќе го следи.

Еве го целиот текст на декларацијата:

ЕДНОСТРАНА ДЕКЛАРАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

„Повикувајќи се на став 7 од Заклучоците на Советот за од (јули 2022 година),

Повикувајќи се на став 22 од Преговарачката рамка за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и нејзиното повикување на официјалниот јазик на Република Северна Македонија, согласно нејзиниот Устав, како јазик за превод на законодавството на ЕУ,

Со оваа декларација Бугарија го потврдува следново:

Бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на литературен бугарски јазик. Создавањето на „македонскиот јазик“ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) врз основа на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектна форма.

Секое повикување на официјалниот јазик на Република Северна Македонија во официјални/неофицијални документи/позиции/изјави и други на ЕУ и нејзините институции, тела, канцеларии и агенции мора да се разбере строго во согласност со Уставот на оваа земја и никако не се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на „македонскиот јазик“.

Бугарија продолжува да се придржува до јазичната клаузула содржана во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во Скопје на 1 август 2017 година помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, за целите на билатералните договори/договори/меморандуми и други меѓу двете земји“, се вели во Декларацијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...