1.9 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаПросечната нето-плата во државата достигна 31.407 денари

Просечната нето-плата во државата достигна 31.407 денари

spot_img

Трендот на раст на просечната нето-плата во земјата продолжува. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето-плата во мај 2022 година по вработен изнесува 31.407 денари, што е за 2.686 денари повеќе во однос на истиот месец лани или за 9,4 отсто, информираат денеска од владината Прес-служба.

Согласно статистика, според Владата, ваквото зголемување се должи пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите објекти за сместување и сервисни дејности со храна – 19.7 отсто, уметност, забава и рекреација – 16.1 отсто и преработувачка индустрија – 14.3 отсто.

– Континуираното зголемување на просечната нето-плата во земјата е резултат и на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата, која изнесува 18.000 денари. Споредено со мај 2017 година кога просечната нето-плата била 22.889 денари, во мај годинава е зголемена за 8.518 денари и изнесува 31.407 денари. Владата продолжува со креирање на мерки и на амбиент за повисоки стапки на економски раст и унапредување на животниот стандард на граѓаните како и особена поддршка во услови на криза, се вели во владиното соопштение.

Од Владата додаваат дека остануваат посветени на растот на приходите и поддршка на сите граѓани. Покачувањето на платите, покачувањето на пензиите, покачувањето на стандардот на граѓаните, нагласуваат, е она на што Владата и понатаму посветено ќе работи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...