26.9 C
Ohrid
вторник, јуни 24, 2025
ПочетнаМакедонијаСо пригоден настан кој се одржа денеска беше, отворен Почесениот Конзулат на...

Со пригоден настан кој се одржа денеска беше, отворен Почесениот Конзулат на Република Србија во Охрид.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со пригоден настан кој се одржа денеска беше, отворен Почесениот Конзулат на Република Србија во Охрид.

<

Чувствувам посебно задоволство и чест што како градоначалник на Охрид сум присутен на овој свечен настан, а како охриѓанец сум особено горд, што нашиот град добива конзуларно претставништво на уште една значајна пријателска земја, а тоа е Република Србија.

Македонскиот и Српскиот народ имаат вековна поврзаност, која е втемелена на заедничка историја и затоа отсекогаш сме биле пример за взаемна доверба и добрососедство. Тоа особено се однесува на традиционалните партнерства во сите сфери на општественото живеење.

Од денес, со отворање на почесниот конзулат на Република Србија во Охрид, создаваме нови можности за градење уште поцврсти мостови на заедништво и зближување меѓу нашите граѓани. Се надевам дека тука ќе се родат многу нови идеи и иницијативи за остварување на стратешки интереси и унапредување на економската и стопанската размена, особено во делот на туристичките дејности.

Општина Охрид отсекогаш била дел од билатералните процеси помеѓу Македонија и Србија и одржува долгогодишно пријателство. Збратимени сме со градовите Крагуевац и Инџија, а имаме потпишано протоколи за соработка со Земун, Лесковац, Александровац и градската општина Медијана од Ниш. Се надевaм дека во наредниот период ќе воспоставиме официјална соработка и со други српски центри, со кои имаме заеднички интереси.

Во мое лично име и во името на граѓаните на Охрид, упатувам срдечни честитки до почесниот конзул Михајло Филев и му посакувам многу успех во извршувањето на доверената функција. Убеден сум дека со менаџерските способности и неговиот креативен потенцијал ќе оствари конкретни резултати и достигнувања. Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена да го поддржи функционирањето на ова дипломатско претставништво и да даде придонес онаму каде што е потребно. Очекувам, во иднина да ги зачестиме нашите средби и да имаме плодна соработка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не е мито подарок до 3.000 денари: Вработените во јавниот сектор ќе примаат подароци до 50 евра

Подароци во вредност до 50 евра ќе можат да примаат вработените во јавниот сектор, без да се сметаат за мито. Со измените во Предлог...

СВР Охрид: 75-годишен охриѓанец починал по службен разговор во полиција

На 23.06.2025 во 16.40 часот во полициската станица Охрид, откако полициски службеници извршиле службен разговор со 75-годишен охриѓанец, на излезот од објектот на...

Судењето за таткото на Васил Јованов е одложено

Судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов – младиот возач кој во јануари годинава ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“...

По средбата со премиерот, Богојевски станува од директорското столче- Сега ќе раководи со друга институција.

Петар Богојески заминува од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Ова доаѓа по два ипол месеци откако беше назначен за директор. За...