17.9 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаUncategorized @mkТетово го празнуваше Рифат Јашари само со албански знамиња

Тетово го празнуваше Рифат Јашари само со албански знамиња

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Левица реагира на одлуката на градоначалникот на Тетово Билал Касами да го накити градот само со албански знамиња, без ниту едно државно – македонско знаме, при чествувањето на Рифат Јашари, со што го прекрши законот за знамиња.
Во продолжение реакцијата на Левица:
Градоначалникот Касами, по повод големиот празник за Тетово на кој се чевствува поставувањето на Рифат Јашари, имено братот на Адем Јашари од Косово, за почесен граѓанин, го накити градот само со албански знамиња.
Тетово е македонски град градоначалниче Касами, а вие овој “празник” го прославувате само со албански знамиња!?
Сепак, можеби градоначалниче Касами вие сте прилично нов на оваа функција и не сте знаеле дека постои закон во кој се вели дека во единицата на локалната самоуправа, во која живеат граѓани припадници на заедницата и се мнозинството од населението во таа единица на локалната самоуправа, согласно доколку се истакне знамето на таа заедница, се истакнува и знамето на Македонија.
Имено, командантот Адем Јашари беше основач на УЧК а беше убиен во нападот на српските специјални полициски сили на селото Преказ, во чиј напад беа убиени и 58 членови на неговото семејство. Тој е осуден за тероризам, додека косовските Албанци го сметаат за херој на нивната борба за независност.
Колку за потсетување, на времето Зоран Заев и дозволи на косовската војска, која не беше никаква војска и беше во спротивност со резолуциите на Обединетите нации, слободно да влегува во Македонија.
Нека е честит празникот!

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...

Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат...

Мицкоски, Деребан и пратеникот Јаулоски во Лабуништа, поддршка и разговори за идни проекти

Премиерот Христијан Мицкоски, заменик-министерот за правда Ален Деребан и пратеникот Јован Јаулоски остварија посета на пријателска Лабуништа. Во срцева атмосфера разговараа со мештаните за...