11.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаВо пензискиот фонд недостасувале 2,3 милиони евра за погреби

Во пензискиот фонд недостасувале 2,3 милиони евра за погреби

spot_imgspot_img

Пензиско-инвалидскиот фонд во својот извештај за работата за 2021 објави дека лани поради високата смртност кај пензионираните лице во земјата, кај солидарниот фонд недостигале 2,3 милиони евра за да се исплатат сите погреби.

Парите за посмртна помош што се запираат од пензиите на секој корисник недостигале иако задршката низ текот на годината се зголемила од 120 на 140 денари од секоја пензија. Посмртната помош за починатите корисници по правило изнесува 30.000 денари.

Наплатата во текот на годината изнесувала 505.106.312 денари, но поради големиот број на починати пензионери, за исплата на посмртната помош биле потребни 644.040.000 денари. На 31 декември 2021 недостасувале 139 милиони денари, или околу 2,3 милиони евра, сума која била потребна за исплата на помош за закоп на 4.631 пензионер.

Поради ова, фондот преминал кон доцнење на исплатите. Просечното доцнење во 2021 изнесувало дури три месеци откако еден пензионер ќе почине, се забележува во извештајот.

„Доцнењето се должеше на зголемената смртност на пензионерите во изминатите две години предизвикана од пандемијата на Ковид 19 и износот на самата задршка што се определува од Одборот на Регистрираната организација на сојузите на пензионерите на Македонија“, велат од ПИОСМ.

Евиденцијата покажува дека лани биле собрани (504 мил.ден.) многу повеќе средства во однос на претходните години. Во 2020 сумата била 444, а во 2019 таа изнесувала 438 милиони денари. Бројот на исплати во 2021 бил за 1.282 лица поголем од една година претходно.

Одборот на Регистрираната организација на солидарен фонд и членарина, во почетокот на 2022 година донесе времена одлука задршката за посмртна помош да изнесува 150 денари, а исплатата на посмртната помош се определи од 30.000 на 25.000 денари, што предизвика негативни реакции во јавноста. Фондот рече дека останатите 5.000 денари ќе се исплаќаат подоцна.

Инаку над 500 милиони евра од државниот буџет биле потребни минатата година за да се исплатат пензиите на редовните корисници. Ова е рекордна сума до сега одвоена од националниот буџет како втор најголем приход во фондот, по исплатата на придонесите. Државата префрлила 30.580.300.000 денари, или 501 милиони евра.

Сумите издвоени од државниот буџет претходните години изнесувале под границата од половина милијарда евра. Од 2017 до 2020 тие се движат од 28 до 29,85 милијарди денари. Во 2008 сумата од буџетот изнесувала само 10,2 милијарди денари.

Вишокот на приходи што останал во касата е 22,3 милиони евра. Вишокот на средства од сите претходни години во фондот сега е 103 милиони евра. Инаку пензискиот фонд во 2021 остварил рекордни приходи од 81,5 милијарди денари, или речиси за 4 милијарди повеќе од една година претходно.
faktor.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...