16.9 C
Ohrid
сабота, мај 11, 2024
ПочетнаЗабаваХарис Џиновиќ избрка Стружанец од бина кој сакаше да му залепи бакшиш....

Харис Џиновиќ избрка Стружанец од бина кој сакаше да му залепи бакшиш. (ВИДЕО)

Балканската музичка ѕвезда Харис Џиновиќ синоќа имаше концерт во Струга, на стадионот Караорман.

Настанот кој долг период се најавуваше поминал со голем број на публика, а го обележа интересна случка додека пејачот го изведуваше својот голем хит ,,И тебе сам сит кафано”.Како што се гледа на видео снимката која се споделува на социјалните мрежи, додека Харис пее, негов обожавател од публика се качува на бината, вади банкноти и очигледно ,,погоден,, од песната, се обидува да му ги залепи на пејачот.

Изненаден од постапката и храброста на мажот кој пред сите присутни на концертот се обидуваше да му ги даде парите, Харис неколкупати го оттурна, по што се сврте и се тргна од него.

Додека траеше обидот за лепење на бакшиш, обезбедувањето не се појави на сцена, па Џиновиќ самиот се справи со еуфоричниот обожавател.

Инаку, музичарот овој период е чест гостин во земјава, а во септември, покрај Горан Бреговиќ, ќе биде една од главните музички ѕвезди на Тиквешки гроздобер во Кавадарци.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стево ми ѕвонел, ама телефонот сум го оставила дома

Немав многу време да го следам говорот на господинот Стево Пендаровски, но фатив неколку инсерти. Рекол дека ми ѕвонел на телефон за да ми...

ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ „ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси,...

100 дена влада: Џафери задоволен од сработеното

Потврдив дека моето именување за премиер, како прв премиер Албанец, е уште еден придонес во демократијата, вели Талат Џафери. Тој очекува новата влада да...

Европски фронт: Не си играјте со Албанците! Ова може да има последици на стабилноста…

Централното претседателство на ДУИ денеска се собра во седиштето во Мала Речица за да разговара за последните политички случувања во земјата по изборите на...