27.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаОхриѓани добија нов инвеститор: Сашо Мијалков го пресели бизнисот во Охрид

Охриѓани добија нов инвеститор: Сашо Мијалков го пресели бизнисот во Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, една од своите ретки фирми во кои тој е единствен сопственик – Макпоинт, од 1 август ја пресели од Скопје со ново седиште во Охрид. Макпоинт ДООЕЛ Скопје е преименувано во Макпоинт ДООЕЛ Охрид на улица АСНОМ во овој град.

<

Макпоинт е друштво за трговија и услуги. Станува збор за компанија основана во далечната 1993 година, чие седиште, според претходни написи на медиумите, се наоѓаше на домашната адреса на Мијалков, кој е сопственик но и управител на друштвото.

Според Министерството за транспорт и врски, оваа компанија кон средината на 2017 добила лиценца за внатрешен и за меѓународен товарен транспорт. Во меѓувреме компанија го формирала и друштвото за товарен патен транспорт со назив Поинт Оил Транспорт.

Откако Мијалков ја призна вината, меѓу останатото, му е конфискуван имот во вредност од 5.476.653,00 евра и тоа парични средства во износ од 336.814.160,00 денари од банкарската сметка на правното лице ДТУ

Медиумите на крајот на јули објавија дека поранешниот шеф на тајната полиција ја променил адресата на живеење во Охрид, а за случајот „Империја“, тригодишната затворска казна ќе ја издржува во затворот во Струга. Тој затвор е од отворен вид и таму може само да се преноќува.
Faktor.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Талески: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има во Македонија.

Кандидатот за министер за здравство, Азир Алиу, е апсурден и срамен потег на оваа власт. Срамно е што за министер за здравство, власта ќе...

Наскоро во Македонија лична карта и возачка дозвола во телефон!

Министерството за дигитална трансформација работи на дигитална апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик, а ќе имаат...

Азир Алиу изгласан за нов министер за здравство

Премиерот Христијан Мицкоски претходно во образложението на предлогот за Азири истакна дека верува оти неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето...

Почина работникот од Кина кој падна од платформа кај селото Требеништа, при изградба на автопатот Кичево Охрид.

По пет дена борба за живот, работникот од Кина кој беше тешко повреден при изведба на градежни работи на автопатот Охрид – Кичево, вчера...