7.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаДедо Дане од Штип на 86 годишна возраст со велосипед собира и...

Дедо Дане од Штип на 86 годишна возраст со велосипед собира и продава чај и билки

Чичко Дане од Штип повеќе од 30 години се занимава со собирање и продажба на чаеви и билки. Живее во градот, а со велосипед оди до подножјето на Плачковица за да собира чаеви кои потоа им ги нуди на граѓаните. Вели задоволен е од побарувачката, но заради сушата изминативе неколку години и Плачковица веќе не изобилува со билки како претходно. Оваа година собрал едвај 100 топчиња чај, а од годинините назад се собирале и по 700 до 800.

„Чајот е од подножјето на Плачковица, нудеме липа, коњска опашка, нане. Повеќе кантарион земаат граѓаните, ама купуваат речиси сѐ. Чајот го собираме од мај па до сега. Ама чај има ретко.“

Тој освен чаеви на граѓаните им дава и рецепти, како што вели тој проверена литература за тоа како и за што може да го косритат чајот.

Чичко Дане живее со мала пензија, но откако се пензиоирал како хоби продолжува да собира чај. Заедно со неговиот сосед на 86 годишна возраст со велосипедот минуваат и по 30 километри за да соберат чај. Не е исплатливо, но барем има некаква активност.

Пред камерите на М- Нет телевизија чичко Дане вели можеби осоговијата и Малешевијата имаат подобра понуда за чај, но за него тоа е неисплатливо. Подножјето на Плачковица е иделано место бидејќи го посетува со велосипед. На тој начин има физичка активност и скромно заработува по некој денар од продажба на чаеви и билки.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...