19.7 C
Ohrid
четврток, јули 24, 2025
ПочетнаМакедонијаЌерката на Талат Џафери ќе врши надзор на парното греење на скопјани

Ќерката на Талат Џафери ќе врши надзор на парното греење на скопјани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери, Бесиана Џафери Беќири е избрана во Надзорниот одбор на ЕСМ снабдување со топлинска енергијаа, едно од трите новофирирани друштва регистрирани деновиве со кои државните електрани ќе конкурираат за преземање на парното во Скопје, објави порталот Фактор.

<

Според порталот, со ЕСМ снабдување со мандат од 6 месеци ќе управува Месуд Јакупи (ИТ администратор) познат по тоа што беше шеф на изборниот штаб на ДУИ во Студеничани, а во надзорниот одбор покрај Бесиана ќе седнат Петар Петровски и Зорица Гиовска.

Во ЕСМ производство на топлина за директор е назначен Златко Пиперкоски, електроинженер кој лани беше разрешен од позицијата директор на РЕК Осломеј. Во Надзорниот одбор се Соња Стефановска, Љупчо Кижевски и Валбона Халили.

За директор на ЕСМ дистрибуција на топлина е назначена Менка Јовановска, дипломиран машински инженер, а тројцата членови на Надзорниот одбор се Александра Маројевиќ, Џевит Ковачи и Билјана Николова.

ЕСМ беше задолжена од владата да формира три друштва за производство снабдување и дистрибуција на топлинска енергија со цел да учествува на јавниот оглас за преземање на парното од БЕГ, на која Регулаторната комисија за енергетига ѝ ги одзеде лиценците.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР: Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево

„Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток...

Македонската убавица Хeлена Роза, кандидат за градоначалник.

Хелена Роза, поранешна водителка и сестра на нашата пејачка Ребека, пред десетина години се пресели во Нов Зеланд и започна нов живот со своето...

24 години од убиството на Ѓоко Лазаревски- Херојот кој сам го бранеше Лешок

Пред 24 години, тој го бранеше своето село од припадниците на ОНА. Пред 24 години храбро војуваше за слобода на Лешок и зачувување на...

80 годишен дедо од Македонија пронајден мртов на плажа во Грција.

Осумдесетгодишен маж бил пронајден во несвест вчера попладне на плажата Каријани во општина Паџао. Според крајбрежната стража, на осумдесетгодишникот кој бил државјанин на Македонија...