9.9 C
Ohrid
четврток, ноември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаДете одзеде живот на друго дете, а вие расправајте се уште дали...

Дете одзеде живот на друго дете, а вие расправајте се уште дали педер е карактерна особина

и замина уште едно дете, чиј живот го одзеде друго дете, знаете ли зошто? Затоа што Скопје заличува на Белград во раните 90-ти. На Белград кога речиси цела бивша Југославија гореше. Верувам дека повеќето од вас го имаат видено српскиот документарец-„реално шоу“ „Видимо се у читули“. Тоа е прекрасна приказна за млади луѓе, уфилмани дека се некакви гангстери и мафијаши кои умираат за ништо. На по 19, 20, 21 година…

Никола Христовски на 17 години, умре за ништо. Беше избоден во маалска тепачка. Избоден бидејќи веќе е нормално „тинејџерите“ да се шетаат со ножеви…

Веќе е нормално тинејџерите да се бодат на секој чекор, пошо немаат како поинаку да покажат машкост. Нема кој да ги научи да покажуваат машкост на правилниот начин. Нивните татковци немаат време да воспитуваат, ако не црнчат од јутра до сутра во некоја фирма, за 250-300 евра, возат такси по 12 до 14 часа за малце поише пари. Татковците оскотеа, го префрлија тоа на синовите. Мајките? Мајките се најголемите жртви на таа посрана македонска транзиција. Не барајте ништо од нив, тие дадоа доволно и деца и крв и солзи.

Никола Христовски на 17 години умре за ништо. Искрвари како јагне, за ништо!!!

Веќе не се забавни шалите за Заев и педерите!!!

Педери, педери, педери, педери… ми иде да излезам надвор и да се дерам на цел глас.

Не сфативте дека, додека политичарите се богатат на ваш грб, и ви пуштаат приказни за да имате со што да си ги пиете евтините пијачки, вашите деца, најчесто синовите, се претвораат во монструми. Ако по некаква случајност сте се збогатиле, вашето дете нашмркано до врвот на косата ќе изгази некој на пешачки, а ако сте обичен клошар и вашето дете нема пари да искочи и да „брка женски“, „машкоста“ ќе си ја покаже преку ножот што го носи со себе. Жално е. И ми се повраќа!!!

Не сфативте дека децата ни се колат меѓу себе за да се докажат колкави фраери се!!! Вашите комплекси, отсликани преку нивниот крик да покажат дека се некој и нешто и не се губитници.

Ајде сега кренете галама. Направете едно друштво на „ебаните странки“. „Педерите“ си имаат неколку, „циганите“ и тие, сите маргинализирани групи заедно, дури и Никола Шиндре, детскиот ванабе сексолог, си го имаат Хелсиншки. Вие кои сте немаргинализирани, што имате? Немате ништо. Скенирате сметки, урлате за непотребни работи, им ја ебете мамицата на сите околу вас, ама само на муабет, во реалноста вашите деца крвараат, без да имаат шанса да станат добри луѓе, професионалци во одредена област или едноставно да ве наследат како овци, но барем да остарат.

Соберете се сега заради Никола! Тој можеби ќе станеше голем кошаркар, а можеби и не. Најстрашното е тоа што никогаш нема да дознаеме што ќе станеше Никола, бидејќи тој ќе остане спомен само за неговите најблиски, сите ние останатите ќе го заборавиме. Како што ги заборавивме Мухамедали, Ангел, Фросина… списокот е ужасно долг.

Знаете што, ако веќе не можеме да ја направиме Македонија европска земја… нека ја направиме Тексас. Ако убиеш, добиваш инекција бато. Кога не знаеме да го цениме човековиот живот, како најголем дар од Бога, ќе треба да се вратиме во темелот на Стариот завет: око за око заб за заб!!! Знам дека ова звучи претерано за многу префинети уши кои трзаат на зборот педер, а не па на нешто јаче, ама, ако знаете како да ги намалиме овие убиства на деца од деца, направете го, а мене плукнете ме како глуп и ограничен десничар, нема да се лутам. Направете го тоа, како понапредни и попаметни или останете си „педери“, во таа несексуалната смисла на зборот. Имате право на тоа, како што Никола имаше право да живее!!!

Автор: Атанас Величков – преземено од порталот „Трибуна“ линк ОВДЕ

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...

Апелација донесе одлука: Исмет Гури од ДУИ оди во затвор

Апелациониот суд ја одобри одлуката во случајот „Титаник 3“, каде Исмет Гури и Ејуп Алими, поранешни функционери на ДУИ, беа обвинети за измама и...

Изработен мурал со ликот на Ѓорѓи Колозов во кафуле во близина на Соборна црква

Мурал во чест на еден од најпознатите и најдобрите македонски глумци со кого израснаа многу генерации, Ѓорѓи Колозов, осамна во скопско кафуле. - Ако...