4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонците од Мелбурн со резолуција бараат укинување на сите предавнички договори за...

Македонците од Мелбурн со резолуција бараат укинување на сите предавнички договори за Македонија

spot_img

Македонците од Мелбурн кои деновиве ја одбележаа 119 годишнината од Илинденското востание и 78 годишнината од АСНОМ и им оддадоа почит на паднатати Македонци за слободата на Македонија и при тоа ја објавија следната резолуција:
Македонците од Мелбурн и Викторија бараат да се прекинат разговорите со ЕУ и соседните држави заради нанесените национални и идентитетски штети врз Македонија и Македонскиот народ во изминатите 5 години.
Бараме целосно да се раскини договорот со Грција или т.н Преспански договор од Нивици кој е генератор на сите досегашни национални понижуања и разнебитувања на Македонија.
Бараме да се прекинат крајно понижувачките и уништувачки преговори со Бугарија отфрлање на т.н. Добрососедски договор на Македонија и Бугарија донесен на 1 август 2017 год.
Бараме комплетно отфрлање на француско – бугарскиот предлог со кој се потврдува дискриминацијата врз Македонскиот народ и Македонија со очигледното кршење на меѓународните закони за самоопределба и самоидентификација на еден народ. Не прифаќаме никакви модификации на францускиот предлог како што бара опозициската ВМРО ДПМНЕ. За нас сомнителен е и најавениот референдум за изјаснување на гласачите во време на најострата партиска поделба на Македонците.
Бараме отфрлање и на т.н Тиранска платформа и изедначувањето на Албанскиот јазик со Македонскиот на цела територија на Македонија.
Бараме од Уставниот суд на Македонија да ги поништи антиуставните одлуки на Собранието на Македонија за промена на името на Македонија, промена на Уставот на Македонија, промена на имињата на македонските институции во национални институции
На крај бараме, Македонија да почива врз постулатите и Окдлуките на АСНОМ, Македонскиот народ да е државотворен народ како што се соседните држави, Македонскиот јазик да е еден и единствен за државна и меѓудржавна употреба, да се признае постоењето на Македонците во Грција, Бугарија и Албанија спрема меѓународните закони и да се отфрлат сите промени на историјата на Македонскиот народ и Македонија.
Пораката од Австралија до сите Македонци во светот и во Македонија ја испрати Д-р Ицо Најдовски Перин, во име на Федерацијата на културно уметничките друштва од Мелбурн.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...