10.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Со мојот тим достигнавме 91,7 отсто транспарентност на МВР

Спасовски: Со мојот тим достигнавме 91,7 отсто транспарентност на МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски сподели дека транспарентноста на Министерството за внатрешни работи за 2022 година изнесува 91,7 отсто. Како што објави Спасовски на Фејсбук, резултатите се скок за 32,2 проценти, што успеале да го издејствуваат со неговиот тим од 2016 година по преземање на раководењето со МВР. Во објавата, првиот човек на МВР , наведува дека институцијата поминала низ три нивоа изминатите шест години – од крајно затворена институција до многу добра активна транспарентност.

Според графиконот кој го објави Спасовски, транспарентноста во 2016 година изнесувала 59, 5 проценти. Во 2020 кога половина година беше министер Наќе Чулев, транспарентноста била 85,4 отсто, а во 2022- 91,7 отсто.

„Продолжуваме со создавање отворена, отчетна и транспарентна институција пред граѓаните, преку активна соработка со медиумите – вистински одраз на внатрешната политика на Министерството во насока на градење на довербата помеѓу граѓаните и полицијата,“

напиша Спасовски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...