23.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаСкопски комуналец стана „Шкуп Стори“ на „Фејсбук“ а разрешениот директор стана помошник...

Скопски комуналец стана „Шкуп Стори“ на „Фејсбук“ а разрешениот директор стана помошник директор. Дали е украдена ФБ страната на скопските ѓубреџии.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Шкуп Стори“ или „ Комунална хигиена – Скопје – ЈП“. Која е вистинската страна на скопски Комуналец на социјалната мрежа „Фејсбук“. Точниот одговор, барем како што велат од Јавното претпријатие е ниту една бидејќи тие немаат официјална страна на социјалната мрежа.

<

До пред дваесетина дена,скопски Комуналец имаше официјална страна на социјалната мрежа „Фејсбук“ и таа гласеше „ЈП Комунална Хигиена“ на македонски и на албански јазик. Со еден клик на стариот линк социјалната мрежа ве носи на страната на која некој во меѓувцреме и го сменил името и која сега гласи „Шкуп Стори“.

Ако малку подетално се разгледа страницата „ШкупСтори“ каде што јасно пишува дека е официјална страна и го има логото на компанијата се забележува дека последната информација е објавена на 6 август а е креирана во март .

Од скопски Комуналец објаснуваат дека директорката Мазнева не одобрила промена на името и дека за неа се задолжени од секторите за односи со јавност и за информатичка технологија. А администратори се повеќе лица.

АДМИНИСТРАТОРИ НА ФАН СТРАНАТА СЕ ВРАБОТЕНИ ВО КОМУНАЛНА ХИГИЕНА СКОПЈЕ (КХС), МЕЃУ КОИ И ДЕЛ ОД ОНИЕ НА КОИ ИМ БЕА ПРЕКИНАТИ ДОГОВОРИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, ОДГОВОРИЈА ОД КХС.
Останува нејасно како веќе со денови со „Фејсбук“ страница на Јавно претпријатие во државата раководат лица кои ниту се овластени ниту се вработени во оваа компанија и зошто никој не реагира.

Интересно е и што екс директорот Зуди Ензузи кого скопската градоначалничка Данела Арсовска го разрешни заради инцидентот кој го предизвика неговиот брат за време на протестите во Скопје, сега е неколку канцеларии подолу во ходникот на управната зграда и ја извршува функцијата помошник на директорот во Комунална хигиена Скопје.

Градоначалникката Арсовска за директор на Комунална хигиена ја назначи Косана Мазнева која пред петнаесетина им врачи отказ на 33 вработени, меќу кои се и администраторите, бидејќи со месеци и години земале плата, а не оделе од работа.

Огнен Чанчаревиќ
Tv Telma

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Здрав и жив е, да не го мислите: После 6 месеци бегство, Артан Груби се јави на Инстаграм.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на Фејсбук и Инстаграм по...

Ангела и Андреј, последните пациенти повредени во пожарот во Кочани ја напуштија болницата во Белград

По речиси три месеци од трагедијата во Кочани, последните пациенти кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во...

Награда за животно дело: Гоце Тодоровски

60. Ручек, ТВ-филм; 2022 61. Бистра вода, ТВ-серија, 2022 НАГРАДИ 1980; МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп: награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цанде во претставата „Солунски...

Максим Димитриевски повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово?!

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек...