12.9 C
Ohrid
среда, јули 30, 2025
ПочетнаМакедонијаДенес во Охрид започнува првиот меморијален турнир „Крсте Андоновски – Усташ

Денес во Охрид започнува првиот меморијален турнир „Крсте Андоновски – Усташ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Се е подготвено за првото издание на меморијалниот турнир во ракомет „Крсте Андоновски – Усташ“, кој утре и задутре ќе се одржи во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид. Покрај домаќинот ГРК Охрид, на турнирот ќе настапат и македонските екипи Тиквеш Кавадарци и Пролет, и гостинот од Србија, Партизан.

<

На вчерашната прес конференција по повод турнирот, наследниците на оваа голема охридска и македонска ракометна легенда, неговите внуци Крсте и Даниел, кои во моментов го носат дресот на охридскиот клуб, изразија благодарност за можноста да се организира турнирот и надеж дека истиот ќе прерасне во традиционален.

– Да искажам голема благодарност до раководството на ГРК Охрид и општина Охрид што го организираат овој меморијален турнир во чест на мојот покоен дедо, Крсте Андоновски, кој остави голем белег во охридскиот и македонскиот ракомет. Љубовта кон ракометот ни ја всади баш нашиот покоен дедо и сега како фамилија сме многу почестени што ќе се организира еден ваков турнир во негов помен, изјави капитенот на ГРК Охрид, Крсте Андоновски.

– Да се надоврзам на капитенот. Голема благодарност до управата и град Охрид за организацијата на првиот меѓународен меморијален турнир во чест на мојот покоен дедо, охридската ракометна легенда, Крсте Андоновски, додаде Даниел Андоновски.

Капитенот вели дека сите екипи на турнирот се квалитетни и дека овие натпревари се добредојдени за воигрување на екипата пред претстојната натпреварувачка сезона.

Утре, 23 август, на програмата се полуфиналните натпревари во кои од 17:30 часот ќе се сретнат екипите на РК ПАРТИЗАН – РК ПРОЛЕТ 62, додека од 20:00 часот ГРК ОХРИД – ГРК ТИКВЕШ 2014. Задутре, 24 август, поразените во 15:30 играат за 3-то место, а победниците во 18:00 часот финалето.

Влезот за натпреварите е слободен.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка попладнево со седумчлен екипаж слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.

-„Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје. Утре наутро ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна“,...

Бујар Салиу е новиот Помошник началник на СВР Битола

Битолчанецот Бујар Салиу, долгогодишен полициски службеник е новиот Помошник началник на СВР Битола, односно заменик на началникот на СВР Битола - Сашо Мирчески....

Заев за лицето кое се обиде да подметне пожар: Го немам видено од 2016 година

Полицијата вчеравечер го уапсила лицето Александар Н. од Струмица, кого медиумите го поврзуваат со поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев. Од МВР...