16.8 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаСтранците се жалат на патиштата во земјава, и дека премногу има кучиња...

Странците се жалат на патиштата во земјава, и дека премногу има кучиња скитници !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Најголемиот број забелешки на странските туристи, кои летово престојуваат во охридско-струшкиот регион се однесуваат на патната инфраструктура. Патиштата кон двата турстички центри со години се во изградба, раскопани и небезбедни. Иста е состојбата и на патот од аеродромот Св Апостол Павле, но и патните правци кон двата гранични премини Ќафасан и Свети Наум се во очајна состојба.

<

-Странските гости бараат зголемување на нивните капацитет, што значи пак сме интересни како дестинација, но за жал остануваме со едни исти замерки. Кога ќе го направите патот, ќе доаѓаме повеќе пати, прашуваат гостите. Недостига инфраструктура, недостига се останато. Еден автопат 10 години се гради и не го гледаме крајот , вели Крсте Блажески пппретседател на ХОТАМ.

Големиот број диви депонии, околу двата туристички центри се исто така една од забелешките на гостите. Странците се збунети од негрижата за животната средина и ниската еколошка свест.

-Кога ќе се излезе по плажите по Охрид ќе се види дека сето ѓубре од маркетите останува по плажите, цела таа пластика. Некогаш се собира, некогаш се заборава и останува преку еден ден и тоа не изгледа воопшто убаво и атрактивно. Некако ни дојде наеднаш многу, да почнеме со некои работи што требаше редовно да се прават, но не се правеа затоа што бевме затворени и треба да се свестиме дека сето тоа останува на нас. Ние сме тие што треба да исчистиме и да пречекаме гости, додава Блажески.

Големиот број улични кучиња и несоодветната грижа за нив, се исто така забелешка од туристите. Поплаки има и за јавниот превоз и таксистите. Во однос на пофалбите, гостите се задоволни од сместувачките капацитети, гостопримливоста на домаќините и традиционалната храна.

Новинар Соња Рилковска Ohrid Net

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со песни, пријатели и насмевки: „Бате Боле“ одбележа прва година Постоење

Денес „Ресорт Бате Боле“ одбележа една година од своето постоење – година исполнета со спомени, дружења и убави моменти. Атмосферата беше навистина свечена: полна...

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...