26.9 C
Ohrid
вторник, јуни 10, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Подгoтвени сме во Уставот да ги внесеме и Бугарите и Хрватите...

Ковачевски: Подгoтвени сме во Уставот да ги внесеме и Бугарите и Хрватите и Црногорците и Египќаните и Евреите…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа изјави дека за почеток на преговори по поглавја ќе треба да се направат уставни измени во кои што ќе треба да бидат вклучени делови од други народи кои што живеат во државата, а кои што не се впишани во Преамбулата.

<

Во моментот зборуваме за Бугарите, Хрватите, Црногорците, меѓутоа веќе и деловите од израелскиот народ изразија таква желба, Египќаните веќе доставија официјално барање. Ние сме мултикултурно, мултиконфесионално општество и сме докажани како такви во Европа, практично ние претставуваме општество кое што е Европа во мало, бидејќи Европа е заедница на различности и јас сметам дека не треба да има проблем во однос на тие уставни измени“, рече Ковачевски во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Тој истакна дека земјава веќе ги има почнато преговорите со ЕУ, календарот на скрининг процесот веќе е објавен, на 14 септември тимовите ќе бидат во Брисел, каде што и официјално се одржува првиот состанок.
„Скринингот е во две фази поделен, објаснувачки скрининг и билатерален скрининг. Објаснувачкиот скрининг, ние веќе имаме одредени чекори направено, меѓутоа во делот на билатералниот скрининг кој што е многу покомплексна операција во кој што практично се презентира нашето законодавство наспроти законодавството на ЕУ и што е она што треба да се направи во текот на преговорите. За таа цел Секретаријатот за европски прашања и вицепремиерот за европски интеграции, веќе работи на екипирање на преговарачкиот тим, многу скоро на седница на Влада ќе се најде и преговарачката структура“, истакна Ковачевски.
Тој рече дека тука ќе бидат ангажирани сите институции и експерти што ги имаме, меѓутоа ќе бидат ангажирани и голем број на експерти кои не се дел од владините институции, а тоа се експерти од академскиот сектор, деловниот сектор, невладиниот сектор и сите оние кои можат да придонесат за побрзо завршување на овој процес.
„Скринингот според она што ние го имаме како увид во моментот и капацитетите кои ги поседуваме, сметаме дека можеме да го завршиме за 14 до 16 месеци, што би било прилично брзо во однос на други држави кои поминувале низ овој процес, и потоа почнува отворањето на поглавјата“, оцени тој.

Во однос на тоа дека досега нема двотретинско мнозинство за промена на Уставот, и противењето на власта за одржување предвремени избори, Ковачевски вели дека локалните избори изминатиот викенд испратиле неколку политички пораки и оти се случил голем пораз на опозицијата.

Според него, победил европскиот концепт на владејачката коалиција и оти граѓаните на вонредните локални избори испратиле неколку важни пораки и покажале дека знаат да изберат политичка опција што вистински се грижи за нив во тешки времиња.

„Се случи победа на европскиот концепт во државата. Во две општини во коишто се избираа градоначалници победија и се избраа кандидати на СДСМ и коалицијата, во Маврово Ростуше кандидат на СДСМ, а во Центар Жупа на коалициски партнер ТДП. Во Тетово, СДСМ го задржа бројот на советници од изборниот резултат на минатите избори. Следната порака е што се случи голем пораз на оние кои веќе две години блокираат, бојкотираат, шират лажни вести и поделби меѓу граѓаните, лиферуваат постојано некакви анкети за некаква огромна разлика, а се потврди дека сето тоа било погрешно со оглед на изборниот резултат“, рече Ковачевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Еден полицаец во фармерки, друг во работничко одело, трет со палто од татко му: Тошковски најави голема набавка на нови полициски униформи

По осумгодишен застој во обновувањето на службената опрема, Министерството за внатрешни работи најави дека до крајот на годината поголемиот дел од униформираните полициски службеници...

24 годишна охриѓанка била пронајдена мртва во казино во Скопје, каде што работела !!!

На 09.06.2025 околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена почината...

Мицкоски за Арсим Идризи: Ако уште еднаш му се повтори да не зборува македонски, ќе го разрешам.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите истакна дека ќе го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи. Според Мицкоски, тоа...

Заврши учебната година, министерката на учениците им порача да читаат лектири летово

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денес им упати честитки на сите основци и средношколци што ја завршуваат учебната година, со...